Аудио, Бандажи, Гуми, Делови,

 

Авто школи, Автобуси, Аукции, Бензински, Огласи, Рентакар, Салони, Сервиси, Такси, Шпедиции.

 

Банки, Лизинг, Осигурување,

 avtomoto.com.mk

 

За контакт, кликнете тука.

do 11.000eur

11.000-21.000eur

21.000-31.000eur

31.000-41.000eur

41.000-51.000eur

nad 51.000eur
 

WRC 2008                                 F1 2008                                   MOTO GP 2008                    
01. Ирска 30.01-01.02/09         02. Норвешка 13-15.02/09  03. Кипар 13-15.03/09          
04. Португалија 02-05.04/09   05. Аргентина 24-26.04/09   06. Италија 22-24.05/09       
07. Грција 12-14.06/09            08. Полска 26-28.06/09 09. Финска 31.07-02.08/09
10. Австралија 04-06.09/09 11. Шпанија 02-04.10/09 12. В.Британија 23-25.10/09

б о д о в н а  с о с т о ј б а

 

26.04/09, Аргентина: Пета трка - пета победа за Себастијан Леб. Викендов се возеше единственото рели на Американскиот континент, а тоа е релито во Аргентина. Тимот на Цитроен Тотал имаше успешен настап викендов и поради второто место на нивниот втор возач Дани Сордо. Со освоените бодови од ова рели, до сега само возачите на Цитроен Тотал имаат земено бодови од сите трки. Мико Хирвонен кој редовно беше позади Себастијан, овој викенд остана без бодови, а како трето пласиран заврши Хенинг Солберг. Четвртото место му припадна на домашниот возач Фредерико Вилагра, кој имаше најуспечен настап сезонава. Бодови освоија и: Метју Вилсон (4 бода), Ј.М Латвала (3 бода), Себастиен Огиер (2 бода) и Ал Атијах (1 бод).

 

05.04/09, Португалија: Викендов се возеше релито во Портгалија. Победник повторно е Себастијан Леб и ова е веке четврта победа од четири извозени рели. Втората позиција успеа да ја освои Мико Хирвонен, а на пиедесталот се искачи и Дани Сордо. Петер Солберг со својот приватен Цитроен континуирано покажува одлични резултати и овој пат се најде на четвртото место. Вториот Норвежанец, Хенинг Солберг се најде веднаш за Петер и освои 4 бода. Возачите на Мунчис Форд, ги освоија шестото (Мадс Остберг) и седмото место (Фредерико Вилагра). Бод на ова рели успеа да земе и третиот возач на БП Форд Абу Даби - Калид Ал Кашими. Сегашната генерална состојба кај возачите е: Леб 40 бода, Хирвонен 30 бода, Сордо 23 бода, П.Солберг 14 бода, Х.Солберг 14 бода... Состојбата кај конструкторите изгледа вака: Цитроен Тотал 64 бода, БП Форд Абу Даби 40 бода, Стобарт ВК Форд 27 бода, Цитроен Јуниор 11 бода и Мунчис Форд со 7 бода.

 

15.03/09, Кипар: По точно еден месец одмор, викендов се возеше релито во Кипар. Веке трета трка и трета победа за Себастијан Леб. Полека но сигурно Леб се одвојува од конкуренцијата и веке има предност од 8 бода зад второ пласираниот во генералниот пласман, а и второ пласиран на релито во Кипар - Мико Хирвонен. За победничкото шампанско се избори и Петер Солберг, а вториот возач на Цитроен Тотал - Дани Сордо го освои четвртото место. Возачот на Стобарт - Метју Вилсон го освои петото место, а како шесто пласиран се најде возачот на Цитроен Јуниор - Конрад Ротенбах. Бодови освоија и Фредерико Вилагра и Калид Ал Кашими. Во генералниот пласман на конструктори води Цитроен Тотал со 48 бода, а второ пласиран е тимот на БП Форд Абу Дабисо 32 бода. Следуваат: Стобарт ВК Форд со 22 бода, Цитроен Јуниор со 11 бода и како последен е тимот на Мунчис Форд со 3 бода.

 

15.02/09, Норвешка: Втората трка од рели шампионатот се возеше викендов во Норвешка. Нормално победник беше Себастијан Леб, а големо славење имаше и во тимот на БП Форд Абу Даби. Возачите на овој тим го освоија второто (Мико Хирвонен) и тртото место (Ј.М Латвала) и на тимот му донесоа 14 бода. Домашниот возач, Хенинг Солберг за малку испушти да се качи на победничкиот пиедестал и го освои четвртото место. Вториот возач на Цитроен Тотал, Дани Сордо го освои петото место кое носи 4 бода, па така на оваа трка кај конструкторите славеа двата тима. Бодови освоија и Норвежанецот - Петер Солберг и двајцата возачи на Стобарт ВК Форд - Метју Вилсон и Урмо Ава.

 

01.02/09, Ирска: Првата трка од годинешниот рели шампионат се возеше во Ирска. Според прикажаното и оваа сезона по се изгледа ке биде само реприза на неколкуте минати сезони. Промени има кај конструкторите. Сузуки и Субари веке нема да се натпреваруваат, а на нивно место дојде вториот тим на Цитроен т.е. Цитроен Јуниор (помладиот). Цитроен Јуниор на располагање ке ги има следниве возачи: С.Огиер ; К.Аткинсон ; К.Ротенбах ; Е.Новиков. Значи како што веке се навикнавме, Себастијан Леб беше победник на трката возена во Ирска, а втор беше неговиот тимски колега Дани Сордо. Место на пиедесталот обезбеди и Мико Хирвонен, а како четврти трката ја заврши Хенинг Солберг. Возачите на новиот тим Цитроен Јуниор ги освоија петото (Крис Аткинсон) и шестото место (Себастиен Огиер). Бодови освоија и Метју Вилсон и Калид Ал Кашими.

 
само по avtomoto.com.mk
по целиот MK web

aaaa