|
|
|
|
|||
|
Авто школи, Автобуси, Аукции, Бензински, Огласи, Рентакар, Салони, Сервиси, Такси, Шпедиции. |
|||||
| avtomoto.com.mk |
|
||||
|
Марки на автомобили кој може да се најдат во салоните во Македонија |
|
||||
|
Веке нема потреба да го гледаме светскиот шампионат во рели. Ионака се знае кој ке победи, нормално Себастијан Леб. Така беше и векендов на Француското рели. Можеби за ова рели имаше и посебен мотив, бидејки возеше на домашен терен, но сезонава ептен претера. Ова е негова 10-та победа од вкупно 13-ет извозени. На пиедесталот се качија и М.Хирвонен и Ф.Дувал, а бодови освоија: Ј.Латилва, П.Солберг, К.Аткинсон, У.Ава и М.Вилсон
Сигурно имате слушнато за хумуристичната емисија Just For Laugh. Според мене убедливо најдобрата скриена камера. Ако ги немате гледано еве едно добро клипче од нив. Имено поставуваат звучници на улица и со 4-ца луге симулираат сообраќајка...
Победа на Кејси Стонер на домашен терен. По петте победи по ред на Валентино Роси, Стонер успеа да се качи на победничкиот пиедестал. Втората позиција ја освои Роси, кој на крајот заостануваше 6.5 секунди, а трета позиција ја освои Ники Хајден, кој заостана 0.7 секунди зад Роси...
Добар возач, само вози. Клипчево го ставивме на нашата страна, бидејки ја подржуваме кампањата за безбедно возење. Нормално не ја подржуваме целосно кампањата, бидејки има и многу смешни прописи...
Пета победа по ред на Валентино Роси. На неколку круга при крајот на трката, на убав начин го помина Стонер и трката ја заврши со 1.9 секунди разлика. Иако Роси веке ја има освоено шампионската титулата, возеше одлична трка за да докаже деkа титулата шампион со право ја заслужува...
Брендот Мини ја припрема и третата варијанта од својот модел, со најавата на концептот Мини Кросовер, кој ке биде откриен на јавноста на Париското мотор шоу следниот месец. Претходници на оваа варијанта беа Мини Купер и Мини Клубман...
Најновиот модел од Алфа Ромео е Мито. Името Мито е комбинација од двете почетни букви на градовите во кој е создаден овој модел, Милано и Торино. Покрај ова значење Мито на Италијански значи и мит или легенда. Мито не е замена за никој од веке постоечките модели...
Жените биле полоши возачи од мажите. Нема сега да дебатираме околу тоа, но мора да и се признае дека се поголеми инаетчики од мажите. Клипчево почнува од мало невнимание при отварањето на врата од кола и погледнете до каде ке стигне. Затоа мажот секогаш попушта.
Луис Хамилтон по пети пат сезонава беше најдобар. Но иако трката ја заврши прв, 10-те поени му припаднаа на Филипе Маса. Последната шикана Хамилтон не ја мина правилно и поради тоа беше казнет со додадени 25 секунди на неговото време. Со ова време Хамилтон се пласира на третото место... |
Алонсо уште еднаш не потсети на неговите шампионски денови. Успе да победи две трки по ред, а овој pат победи на патеката во Јапонија. Сепак ова е касно будење на Алонсо, бидејки до крајот има уште само две трки ( Кина и Бразил) и нема теоретски шанси да биде и по трет пат шампион...
Добра поента има рекламава - Без памет, џабе ти е убавина. Иначе рекламата е за Мерцедес Е-класа. Не е баш убаво поврзана рекламава, со плавушата во библиотека и Мерцедес, но респекат за поентата...
Викендов се возеше релито во Шпанија и како по обичај победник беше Себастијан Леб. Ова е негова 4-та последователна победеа во Шпанија и 45-та победа во неговата кариера. Како и на претходното рели на пиедесталот се качија и Дани Сордо на второ место и Мико Хирвонен, како трето пласиран.
Фернандо Алонсо е победник на првата трка која се возеше ноќно време. Победата во Сингапур му е прва победа оваа сезона. Со добра стратегија на влегување во пит и со многу среќа, бидејки двапати извегуваше безбедносното возило, Алонсо првата позиција ја освои стартувајки од 15-та позиција...
Валентино Роси продолжува да ниже победи. Последната победа ја нанижа на трката возена во Индианаполис. Со оваа победа ја освои осмата шампионската титула, на 4-ри трки при крајот на шампионатот.
Дождливо време и најмлад победник. Себастијан Фетел стана најмладиот победник на една трка, со победата на Италијанското гранд-при. Овој 21 годишен Германец стартуваше од пол позицијата и својата позиција ја чуваше во текот на целата трка...
E што да пишам за ова клипче. Крадците секунда пред да дојдат цајканите влегуваат во кола, но не успеваат одма да избегаат. Требаше цајканите да се изглупираат, да поминат покрај крадците без да ги забележат и да им овозможат на раат да си заминат. Абе со средно :-))
Еве едно клипче од нашите јунаци К-15. Клипчево е постаро, но е многу добро. Миле е инструктор во авто школа и објаснува како треба да се вози, како да се однесува во сообраќај, објаснува некој сообраќајни знаци и то.
Уште една победа на најбрзиот Французин, Себастијан Леб. Овој пат го освои релито во Нов Зеланд. Ова беше најдобрата трка за тимот на Цитроен, бидејки вториот возач на Цитроен успеа да заврши втор. На пиедесталот се искачи и Финецот, Мико Хирвонен со освоено трето место. Бодови освоија и П.Солберг, У.Ава, П.Андерсон, T. Гардмајстер и Ф.Виларга. |
||||