|
|
|
|
|||
|
Авто школи, Автобуси, Аукции, Бензински, Огласи, Рентакар, Салони, Сервиси, Такси, Шпедиции. |
|||||
| avtomoto.com.mk |
|
За контакт, кликнете тука. |
|||
|
Марки на автомобили кој може да се најдат во салоните во Македонија |
|
||||
|
За сите љубители на автомобилите, компјутерски дремаџии и за оние кој имаат нешто да си кажат, отворивме форум на страната. Повелете регистрирајте се и оставајте ваши коментари, реплики, предлози и друго што би ве интересирало.
Еве како надополнување за претходната сторија за кинеските копии на автомобили, едно клипче. Комбенцево се движи со брзина од 64км и видете што ке му се случи. Ова го нема ни во Трансформери. Предната кабина ке се трансформира во кибрит. Иначе комбенцето било наменето за Европскиот пазар. Затоа внимавајте од каде купувате.
За неколку недели ќе ни биде достапна новата Хонда Акорд. Ке се нуди во две бензински изведби и една со дизелски мотор, а ке се очекува и караванска изведба. Во споредба со претходната верзија, новиот Акорд е подолг и поширок за 8см, а багажникот е за 8 литри по обемен. Караванот е 1см пократок и 8см поширок...
Дачија се одлучи за напад на најпопуларниот сегмент со моделот Сандеро, а се најавува и SUV модел. Според своите карактеристики и димензии Сандеро спага во Б сегментот. Со солжина од 402см и ширина од 175см, главна карактеристика на Сандеро би била пространоста. За пространоста и удобноста говори и фактот од 2588мм меѓуоскино растојание...
Ова Грците стварно неможам да ги опишам. Типов како да е на пазар, најлагано си поминува на автопат со моторче. Го мава кола со голема брзина и останува жив, па и без никаква повреда, се трга на страна и почнува да цимоли...
Ова највеке ме потсека на Англиски таксист. Треба да земете патник кој ви се посочува со зелен круг. Му свирите на А и го носите до обележаното место. За помош има зелена стрелка кај тајмерот и ви покажува каде е дестинацијата...
Луис Хамилтон е победникот на Германското гранд при, кое се возеше на патеката во Хокенхајм. Ова е негова 4-та победа годинава и има една повеке од Филипе Маса. Втор на подиумот беше возачот на Рено Нелсон Пике, а трет заврши возачот на Ферари, Филипе Маса. Четврти беше возачот на БМВ Ник Хајфелд, а бодови освоија и Хајки Ковалаинен, Кими Раиконен, Роберт Кубица и како осми Себастијан Фетел. Во генералниот пласман Хамилтон сега има 58 бода, Маса има 54 бода, а Раиконен со 51 бод е трет. Кај конструкторите прв е Ферари со 105 бода. Второто место сеуште го држи БМВ со 89 бода, а Мекларен се доближи на 86 бода.
За денес нешто специјално. Ви претставуваме нова дисциплина во уметничкото лизгање. Лизгање на автопат со папучи. Папучариве се од некоја Арапска земја и мнооогу се издувани. Искачаат од кола и прават некој егзибиции ,а покрај тоа се и многу грациозни...
Пежо ја произведе купе-кабриолет верзијата од 308. Сепак за овој убавец да го прошетате по улиците, ке треба да причекате до следната сезона. Преобразбата од купе во кабриолет е потполно автоматизирана и трае само 20 секунди. Внатрешноста нуди доволно простор за возачот, совозачот и доволен простор на задната клупа. Багажниот простор за разлика од 307 СС е поголем и изнесува 465 литри во купе изведба и 266 литри во кабриолет издание... |
Кинезиве немаат никакви граници. Копираат и луксузни автомобили како Ролс Ројс Фантом и BMW 7. Нормално покрај луксузните модели копираат и автомобили кој се едни од поефтините на пазарот - Матиз (Спарк)...
На исток ништо ново. Кинезите и натаму копираат се што може да се копира. Се копира од некој минијатурни производи и непознати марки до марки како: Гучи, Пепси, Нокиа, Самсунг итн. Сега на ред стигнаа и автомобилите...
Рекламава е за Мерцедес Г - класа. Сите знаеме за квалитетот издржливоста и сигурноста на оваа марка возила, но видете го тоа и од комичната страна.
Drag Racer v3. Igrava ili e prethodnikot na NFS Underground ili pak e nekoja o~aen obid da se napravi nekakva dobra igra. Sepak igrava ima mnogu opcii: birawe i kupuvawe na koli (bazata e dosta golema) , tunirawe na kolite , promena na eksterier...
По трите победи во ред на Кејси Стонер, Валентино Роси успеа да биде подбар од Кејси на гранд прито во САД. На подиумот се качи и Крис Вермулен завршувајки трет. Италјанецот Андреа Довициозо заврши четврти, а возачот на Репсол Хонда Ники Хајден заврши петти. Во генералниот пласма и натаму Роси е прв, сега со 212 бода. Стонер со 187 бода успеа да му го одзеде второто место на Педроса кој со 171 бод е трети.
Еве уште едно клипче од Арапите. Овие ептен биле издувани. Типов многу го гледал филмот Токјо дрифт и се обидува да ги имитира дрифтовите... Пуштај клипот.
Моделите на Волво автомобилите во 2007 и 2008 година беа добитници на бројни престижни награди во Русија. Последна од овие награди е за Волво XC90, избран за најдобар SUV во 2008 година. Оваа награда за Волво XC90 стана традиција, бидејки овој модел беше добитник на наградата и во 2005 и 2006 година...
Кејси Стонер е победникот на Германското гранд при. Ова е негова трета победа во низа и сега заостанува 20 бода зад Валентино Роси и само 4 бода зад второ рангираниот Дани Педроса. Педроса стартуваше од втората позиција и имаше одличен старт, правејки уште на стартота две секунди предност. Со финиширањето на 6от круг Педроса имаше водство од 7,5 секунди, но потоа следеше неговиот пад и за првпат сезонава не ја заврши трката.
Светскиот шампион Кејси Стонер (22) ја освои пол позицијата за гранд прито на Германија. Возачот на Дукати од Австралија со време од 1:21,067 постави рекорд на стазата и за три стотинки подобро време од Дани Педроса ја освои првата позиција. Со ова тој се надева на хет трик и ке ја брка 21та професионална победа. Минатата година стартуваше од првата позиција но заврши на петата позиција... |
||||