Аудио, Бандажи, Гуми, Делови,

 

Авто школи, Автобуси, Аукции, Бензински, Огласи, Рентакар, Салони, Сервиси, Такси, Шпедиции.

 

Банки, Лизинг, Осигурување,

 avtomoto.com.mk

 

Za kontakt, kliknete tuka.

do 11.000eur

11.000-21.000eur

21.000-31.000eur

31.000-41.000eur

41.000-51.000eur

nad 51.000eur
 

2008                                        01. Катар 12.04/2009 02. Јапонија 26.04/2009       
03. Шпанија 03.05/2009 04. Франција 17.05/2009 05. Италија 31.05/2009
06. Каталуња 14.06/2009 07. Холандија 27.06/2009 08. САД 05.07/2009
09. Германија 19.07/2009 10. Британија 26.07/2009 11. Чешка 16.08/2009
12. Индианаполис 30.08/09 13. Сан Марино 06.09/2009 14. Португалија 04.10/2009
15. Австралија 18.10/2009 16. Малезија 25.10/2009 17. Валенсија 08.11/2009

б о д о в н а  с о с т о ј б а

 

03.05/2009, Шпанија: Мото шампионатот се префрли на Европско тло. Првата трка која се возеше во Европа беше на патеката во Шпанија, а победник беше Валентино Роси. Ова е трета трка во годинашниот шампионат и веке трет победник. На претходните патеки победници беа: Кејси Стонер и Хорге Лоренцо. Второто место во Шпанија го освои Дани Педроса, а како трето пласиран се најде Кејси Стонер. Единствениот возач на ЛЦР Хонда - Ренди де Пунет го освои четвртото место, а веднаш зад него се најде Италјанецот Марко Меландри. Со 34 секунди заостанување зад Роси, се најде уште еден Италјанец, ветеранот Лорис Капироси, а само неколку стотинки зад него завршија, Колин Едвардс и Андреа Довициозо. Тони Елиас го освои деветото место, а десетата позиција му припадна на Крис Вермулен. Бодови освоија и: Сете Жиберно, Јуки Такахаши, Џејмс Тосенланд, Алекс де Ангелис и Ники Хајден. Трката не ја завршија Хорге Лоренцо и Мика Калио.

 

26.04/2009, Јапонија: Одлична трка на возачите на Фијат Јамаха, со освоената еден - два победа. Првото место го освои Хорге Лоренцо, а неговиот тимски колега Валентино Роси задоцни само една секунда. Шпанецот Дани Педроса го освои последното место на пиедесталот, а како четврто пласиран заврши Кејси Стонер. Вториот возач на Репсол Хонда - Андреа Довициозо го освои петтото место, а неговите сонародници, Марко Меландри и Лорис Капироси ги освоија шестото и седмото место. Дебитантот Мика Калио го освои осмото место, а со тоа освои и осум бода од оваа трка. Седум бода освои Џејмс Тоселанд, а шест бода освои возачот на Ризла Сузуки -  Крис Вермулен. Трката не ја завршија тројца возачи, и тоа: Сете Жиберно, Ники Хајден и Јуки Такахаши.

 

13.04/2009, Катар: Со одложување од еден ден, почна новата сезона во мото ГП. Трката се возеше на патеката Лосаил Интернационал во ноќни услови. Победник на трката беше Кејси Стонер, а линијата веднаш зад него ја помина шампионот Валентино Роси. Стонер стартуваше од првата позиција, а веке по првиот извозен круг имаше предност од 2 секунди и покрај неодамнешната операцијата не левиот зглоб. Победничката тројка ја заокружи тимскиот колега на Роси, Хорге Лоренцо. Успешниот настап на Јамаха со освоеното 4то место го приреди и Колин Едвард (Јамаха Тек 3), кој вози веке 7 сезони, а оваа трка му беше прва на Бриџстон гуми. Како петти се пласираше Андреа Довициозо со новата Хонда, а одлично возење имаа и Алекс де Ангелис кој заврши шести и Крис Вермулен завршувајки седми. Одлично деби имаше Финецот - Мика Калио, завршувајки на осмата позиција. Трката не ја заврши возачот на Ризла Сузуки - Лорис Капироси, кој имаше пад во осмиот круг и не беше во можност да ја заврши трката. Наредната трка е во Јапонија на 26ти апри.

 

11.04/2009, Катар: Викендов и официјално почна новата сезона во Мото ГП. Прва патека на која се возеше беше патеката во Катар. Минатата сезона исто така оваа трка ја отвори сезоната, но месец порано. Каснењето од повеке од еден месец се должи на намалениот број на патеки. По исклучувањето на Кина од календарот, за возење останаа 17ет патеки. Промени има и кај тимовите и кај возачите. Бројот на тимови оваа година е зголемен за еден тим и сега се вкупно 11 тима. Нови се: Прамак Рејсинг, Хајат Рејсинг и Франциско Хернандо, а Кавасаки и Алис тим се откажаа. Кавасаки ке вози само Марко Меландри за неговиот нов тим Хајат Рејсинг. Нови возачи се: Финецот - Мика Калио, Шпанецот - Сете Жиберно, Јапонецот - Јуки Такахаши и Италјанецот - Николо Канепа. За време на тестовите во текот на пред сезоната најдобри резултати покажуваше Кејси Стонер, а неговата подготвеност се покажа и на патеката во Катар. Веднаш зад него се најде, шампионот Валентино Роси , а од третата позиција ке стартува Хорге Лоренцо. Италјанецот Андреа Довициозо се пласира четврт, а возачот на Ризла Сузуки - Лорис Капироси заврши петти. Како шести пласиран заврши Колин Едвардс, а понатаму следат: Ренди де Пунет, Крис Вермулен, Алекс де Ангелис, Мика Калио итн.

само по avtomoto.com.mk
по целиот MK web

aaaa     $$$$ ОВДЕ $$$$

aaaa

aaaa