Аудио, Бандажи, Гуми, Делови,

 

Авто школи, Автобуси, Аукции, Бензински, Огласи, Рентакар, Салони, Сервиси, Такси, Шпедиции.

 

Банки, Лизинг, Осигурување,

 avtomoto.com.mk

 

Za kontakt, kliknete tuka.

do 11.000eur

11.000-21.000eur

21.000-31.000eur

31.000-41.000eur

41.000-51.000eur

nad 51.000eur
 

2008                                        01. Австралија 29.03/2009   02. Мелезија 05.04/2009       
03. Кина 19.04/2009              04. Бахреин 26.04/2009 05. Шпанија 10.05/2009
06. Монако 24.05/2009 07. Турција 07.06/2009 08. Британија 21.06/2009
09. Германија 12.07/2009 10. Унгарија 26.07/2009 11. Европа 23.08/2009
12. Белгија 30.08/2009 13. Италија 13.09/2009 14. Сингапур 27.09/2009
15. Јапонија 04.10/2009 16. Бразил 18.10/2009 17. Абу Даби 01.11/2009

б о д о в н а  с о с т о ј б а

 

07.06/2009, Турција: Себастијан Фетел, стартувајки од првата позиција не успеа да ја освои втората победа сезонава. Таа победа повторно, веке по шести пат му припадна на Џејсон Батон. Поредокот беше сличен на оној од Кина каде и двајцата возачи на Ред Бул Рено беа на победничкиот пиедестал. Овој пат Себастијан Фетел заврши на третата позиција, а Марк Вебер на втората. Четвртата позиција ја освои Јарно Трули, а како петто пласиран заврши Нико Розберг со 31 секунда задоцнување зад Батон. Филипе Маса повторно зема бодови, завршувајки на шестата позиција, а бодови освоија и Роберт Кубица (седмо место) и Тимо Глок (осмо место). Трката не ја завршија Рубенс Баричело и Чанкарло Физикела.

 

06.06/2009, Турција: Себастијан Фетел и болидот на Ред Бул Рено, уште еднаш сезонава покажаа колку се добро подготвени. Фетел ја освои пол позицијата на Турското гранд при и утре ке стартува од првата позиција. Од првиот ред ке стартува и Џејсон Батон кој ја освои втората позиција, а неговиот тимски колега Рубенс Баричело ке стартува трети. Вториот возач на Ред Бул Рено, Марк Вебер ја освои четвртата позиција, а петтата позиција му припадна на возачот на Тојота, Јарно Трули. Возачите на Ферари ке стартуваат од шестата (Кими Раиконен) и седмата позиција (Филипе Маса).

 

24.05/2009, Монако: Најинтересната патека во Ф1 не донесе ништо ново. Џејсон Батон стартуваше од првата позиција, така и заврши. Како по обичај Рубенс Баричело го освои второто место и тимот на Брауна славеше еден-два победа. Ново беше мошното враќање на Ферари. Кими Раиконен го освои последното место на пиедесталот, а зад него на четвртата позиција заврши Филипе Маса. Марк Вебер го освои петтото место, а на бодови се радуваа и Нико Розберг (3 бода), Фернандо Алонсо (2 бода) и Себастијан Бурде (1 бод). Трката не ја завршија Хајки Ковалаинен, Роберт Кубица, Себастијан Фетел, Нелсињо Пике и Себастијан Буеми.

 

23.05/2009, Монако: Конечно дојде редот и на најинересната патека во Ф1. За разлика од минатата година, кога временските услови беа многу лоши, на утрешната трка се најавува мирно и сончево време. Мирно би требало да биде и во поредокот на позициите, бидејки на оваа пакета претекнувањето е многу тешко. Повторно првата позиција ја освои Џејсон Батон, а добар резултат постигна Финецот Кими Раиконен со освоената втора позиција. Тимскиот колега на Батон, Рубенс Баричело ке стартува од третата позиција, а веке стандардно меѓу првите е и Себастијан Фетел, кој ке стартува четврт. Добар резултат за Ферари постигна и Филипе Маса, со освоеното петто место. Лошите резултати продолшуваат за Мерцеде. Хајки Ковалаинен ке стартува од седмата позиција, а Луис Хамилтон дури од дваесетата позиција.

 

10.05/2009, Шпанија: Џејсон Батон е победник на првата трка која сезонава се возеше во Европа. Ова е веке четврта негова победа од извозени пет патеки. За поголема радост во тимот на Браун ГП, се погрижи и вториот возач, Рубенс Баричело кој ја освои втората позиција. Место на победничкиот пиедестал си обезбеди и Марк Вебер кој закасни 14 секунди зад Батон. Вториот возач на Ред Бул - Себастијан Фетел, се пласираше веднаш зад неговиот тимски колега, а како петто пласиран заврши дво кратниот шампион Фернандо Алонсо. Конечно сезонава и Филипе Маса да освои некој бод. Тој заврши на шестото место и освои три бода. Бодови освоија и Ник Хајфелд и Нико Розберг, а трката не ја завршија дури шест возачи. Уште на стартот во првиот круг трката ја завршија: Адријан Сутил, Себастијан Бурде, Себастијан Буеми и Јарно Трули. Хајки Ковалаинен имаше проблеми со мењачот и трката ја заврши во седмиот круг, а Кими Раиконен во 17от круг по проблемите со хидрауликата.

 

09.05/2009, Шпанија: Формула еден циркусот се префрли на Европско тло. Прва трка во Европа е трката за големата награда на Шпанија. Со доаѓањето во Европа многу сметаа дека ќе престане доминацијата на Браун ГП и  дека Ферари и Мерцедес ќе ги подобрат своите перформанси. Денес најдобар резултат повторно освои Џејсон Батон и утре од првата позиција ќе атакува на неговата четврта победа сезонава. Од првиот ред ќе стартува и Себастијан Фетел, кој го оствари второто најдобро време, а како трет ќе стартува вториот возач на Браун ГП - Рубенс Баричело. Добро време постигна и возачот на Ферари - Филипе Маса кој ќе стартува како четврти, а од петат позиција ќе стартува Марк Вебер. Шестата и седмата позиција ги освоија возачите на Тојота, Тимо Глок и Јарно Трули.

 

26.04/2009, Бахреин: Трета победа на Џејсон Батон по само четири извозени трки. Батон стартуваше од четвртата позиција, а до првото место дојде благодарејки на тимските одлуки за влегување во боксот. Ова беше најдосадната трка годинава, без никакви изненадувања, а трката не ја заврши само возачот на Вилијамс-Тојота, Казуки Накаџима. Победникот на претходната трка, Себастијан Фетел, го освои второто место, а возачот на Тојота кој стартуваше од првата позиција, Јарно Трули заврши како трето пласиран. Конечно ланскиот шампион да дојде до позначаен број на бодови. Луис Хамилтон се пласираше на четвртата позиција и освои пет бода, а со 15 секунди задоцнување, зад него заврши Рубенс Баричело. Конечно и возач на Ферари да освои бодови сезонава. Тоа му успеа по четири извозени трки на Кими Раиконен. Кими заврши на шестата позиција, а зад него се најдоа, возачот на Тојота кој стартуваше од втората позиција, Тимо Глок и Шпанецот Фернандо Алонсо.

 

25.04/2009, Бахреин: Денес на 38 целзиусови степени се возеа квалификациите за пол позиција за утрешната трка во Бахреин. Првата позиција ја освои Јарно Трули, а веднаш до него од првата стартна линија ке стартува и неговиот тимски колега од Тојота, Тимо Глок. Себастијан Фетел продолжува со добрите возења и утре ке стартува од третата позиција, а четвртото место го освои Британецот, Џејсон Батон. Од петтата позиција ке стартува ланскиот шампион Луис Хамилтон, а од шестата позиција Бразилецот, Рубенс Баричело. Со лошите возења продолжуваат во тимот на Ферари. Овој пат Маса ја освои осмата позиција, а неговиот тимски колега, Кими Раиконен, десетата позиција.

 

19.04/2009, Кина: Конечно некој да му ја земе првата позиција на Батон. Тоа викендов му успеа на Себастијан Фетел, кој стартуваше од првата позиција и успеа да ја задржи до крајот на трката. За одличниот викенд на Ред Бул се погрижи и вториот возач, Марк Вебер кој ја освои втората позиција со заостанување од 11 секунди. Место на победничкиот подиум освои Џејсон Батон кој заостануваше дури 45 секунди зад Фетел. Тимскиот колега на Батон, Рубенс Баричело го освои четвртото место, а веднаш зад Браун-Мерцедес се пласираа возачите на Мекларен-Мерцедес - Хајки Ковалаинен (петто место) и Луис Хамилтон (шесто место). Седмото место го освои возачот на Тојота - Тимо Глок, еден бод успеа да освои и Себастијан Буеми. Возачите на Ферари ја продолжуваат сезоната без освоен бод. Раиконен заврши на десетата позиција, а неговиот колега Маса на деветнаесетата позиција, откако имаше проблеми со електриката на болидот. Трката не ја завршија и Јарно Трули, Казуки Накаџима и Адријан Сутил.

 

18.04/2009, Кина: Успешна квалификација на младиот возач на Ред Бул - Себастијан Фетел. На утрешната трка за Кина тој ке стартува од првата позиција. Како второ пласиран се најде Шпанецот, Фернандо Алонсо, а успешната квалификација за Ред Бул ја потврди и Марк Вебер со освоента трета позиција. Своето одлично возење сезонава го потврдија и Рубенс Бакичело, кој ке стартува од четвртата позиција и неговиот тимски колега Џејсон Батон со освоената петта позиција. Шестат позиција ја освои возачот на Тојота, Јарно Трули, а веднаш зад него се пласира Нико Розберг. Шампионите Кими Раиконен и Луис Хамилтон ке стартуваат од осмата и деветата позиција, а Филипе Маса дури од тринаесетата позиција.

 

05.04/2009, Малезија: Уште една победа на Џејсон Батон. Временските услови беа многу лоши за возење, па по извозениот 31ви круг трката беше паузирана, а откако поминаа два саати од почетокот, трката беше прогласена за завршена. Во тој момент Батон беше прво пласиран и имаше дури четири влегувања во боксот. Трката одлично ја извозе и Ник Хајфелд, кој стартуваше од 10та позиција, а заврши второ пласиран. Неговиот клубски колега, Роберт Кубица уште на стартот имаше проблем со моторот и не ја заврши трката. Трката не ја заврши ни Ковалаинен кој по неколку извозени метри се извтре и трката ја заврши на последната позиција. На третото и четвртото место се најдоа возачите на Тојота - Тимо Глок и Јарно Трули. Петти трката ја заврши Баричело, а како шести се најде Марк Вебер. Бодови земаа и Хамилтон и Розберг. Поради извозените 31 од 56 круга бодовите ке бидат преполовени на сите оние кој освоиле бодови, па така сега Батон ке има 15 бода.

 

04.04/2009, Малезија: Денеска се возеа квалификациите за Малезиското гран при. Се заврши во најдобар ред и покрај најавувањата за обилен дожд. Но квалификациите не поминаа добро за Филипе Маса, кој по сугестија на својот тим не тргна на време да направи по добро резултат и утре ке стартува од 16та позиција. Неговиот тимски колега, Раиконен ке стартува од 7та позиција. Лош пласман остварија и возачите на Мекларен Мерцедес - Луис Хамилтон (12) и Хајки Ковалаинен(14).      Полпозицијата втор пат по ред ја освои Џејсон Батон, а ова е негова вкупна трета полпозиција во кариерата. Со Батон од првиот ред ке стартува Јарно Трули, а вториот возач на Тојота - Тимо Глок ке стартува од третата позиција. Четврто најдобро место оствари Рубенс Баричело, но поради порано извршените промени кај неговиот менувач тој ке стартува од 8та позиција. На неговата четврта позиција ке стартува Нико Розберг. Петти ке стартува Марк Вебер, а шести ке биде Роберт Кубица.

 

31.03/2009, Австралија: Набрзо по завршувањето на трката во Австралија, почна и сезоната на тужби и поплаки. Сезоната ја отвори Луис Хамилтон, со поплаката дека неправилно бил поминат од Јарно Трули во моменти кога на патеката беше безбедносното возило. За момент тој доби 6 бода, но откако беа разгледани видео и аудио записите се виде дека Хамилтон намерно подзастанал за да биде поминат и поради ова на Хамилтон му беа одземени бодовите, а му беа вратени на Трули. По ова сите возачи од Тимо Глок до Себастијан Бурде се искачија едно место погоре. Така  еден бод освои Бурде, а Хамилтон иако ја извозе цела трка и со заостанување од 2.9 секунди, ке се води како последно пласиран.

 

29.03/2009, Австралија: Еден - два победа на новиот тим во Ф1. Како што стартуваа, така и ја завршија трката возачите на Браун ГП - Батон и Баричело. Првпат по 1954 година се случува нов тим да освои еден - два победа во Ф1. Ова е втора победа на Батон во неговата кариера, а по 200ти пат победник на една трка е Британец. Батон имаше одличен старт и веке по 19ет круга имаше предност од 47,7 секунди предност. Токму во овој круг Накаџима имаше инцидент и на сцена настапи безбедносното возило, кое се задржа до 24от круг, а разликата на Батон ја стопи на 0. За разлика од Батон, неговиот тимски колега Баричело имаше лош старт. Уште на стартот не тргна нормално и загуби 4 позиции, а веке на првиот свиок учествуваше во инцидентот со: Ковалаинен, Сутил, Вебер и Хајфелд. Лош старт имаше и трето паласираниот Јарно Трули, бидејки стартуваше од питот, поради казната која ја доби од непочитување на правилата утврдени кај задниот спојлер. Трката одлично ја заврши четврто пласираниот - Хамилтон, кој стартуваше од 15та позиција. Голема заслуга за напредокот од две места на Трули и Хамилтон имаат, Фетел и Кубица. Тие на само три круга при крајот имаа инцидент, во кој ги оштетија предните спојлери. Продолжија да возат но веке на наредната кривина се извртеа и завршија во заштитниот ѕид. Вториот возач на Тојота - Тимо Глок трката ја заврши 5ти, како 6ти се пласира Фернандо Алонсо, 7ми Нико Розберг, а бод успеа да земе и дебитантот - Себастијан Буеми. Трката не ја завршија: Ковалаинен, Накаџима, Пике, Маса, Раиконен, Кубица, Фетел и Вебер.

 

28.03/2009, Австралија: Денес официално почна новата сезона во формула 1. Како и во изминатите неколку години, сезоната почнува со трката за големата награда на Австралија. Во годинешниот календар се наоѓаат 17 трки. Нова патека во календарот е Абу Даби која ке се вози последна на 01.11, а годинава нема да се вози во Канада и во Франција.            Нов тим годинава е Браун ГП т.е. наследникот на Хонда. Возачите остануваат истите кој возеа во Хонда - Џејсон Батон и Рубенс Баричело. Други промени кај тимовите има само кај Ред Бул и Торо Росо. По заминувањето на Дејвид Кулхард од Ред Бул, неговото место го превзема Себастијан Фетел, а на местото на Фетел во Торо Росо дојде Себастијан Буеми.              На утрешната трка од пол позицијата ке стартува Џејсон Батон, а неговиот клубски колега Баричело, ке стартува од втората позиција. Првпат по 30ет година се случува нов тим да ја отвори сезоната со пол позиција. Токму Џејсон Батон и Филипе Маса се предвидува дека ќе бидат конкурентите за одземање на титулата од Луис Хамилтон, кој утре ке стартува од 15та позиција. Трет на квалификациите беше Себастијан Фетел, а како четврт се пласира Роберт Кубица. Филипе Маса ке стартува како 7ми, Раиконен како 9ти, а како 12ти ке стартува Фернандо Алонсо.

само по avtomoto.com.mk
по целиот MK web

aaaa     $$$$ ОВДЕ $$$$

aaaa

aaaa