|
|
![]() |
|
||
|
Avto {koli, Avtobus, Aukcii, Benzinski, Oglasi, Rentakar, Saloni, Servisi, Taksi, [pedicii. |
||||
| avtomoto.com.mk 06.07.2008 18:12 |
OPEL Avtomobili koi mo`e da se najdat vo salonite mo Makedonija |
Ako sakate da se reklamirate na ovoj sajt, kliknete tuka. |
||
|
Opel
|
Antara: Можете да изберете од широката
понуда на опрема за удобност и комфор соодветна со вашите индивидуални
потреби. Покрај богатиот пакет на
стандардна опрема кој содржи воздушни перничиња за возачот и совозачот, ABS
систем за кочење, серво управувач и низа практични додатоци, Antara нуди и
серија дополнителни пакети.
Astra Classic II: Класична, а сепак свежа и извонредно практична. Запознајте ги основните перформанси на Opel Astra Classic. Автомобил креиран да обезбеди максимална вредност за вашите вложени средства.
Astra'08 5vrati & Caravan: Дизајн со најдобра комбинација од динамично возење со кое се редефинираат класичните стандарди и ја ставаат Astra многу понапред од останатите. Пет различни верзии, Essentia, Enjoy, Elegance, Sport и Cosmo, ви обезбедуваат буквално се што ќе посакате. Пет бензински мотори и три дизел ECOTEC мотори, нудат исклучителни перформанси. Пет или шест брзински мануелен или целосно автоматски менувач или пак Easytronic значат дека ќе возите како што ќе посакате.
Astra'08 GTC: Високото ниво на активна и пасивна безбедност е обезбедено преку SAFETEC системот за заштита, кој беше клучот за признанието од Euro NCAP и доделените максимални пет ѕвездички за сигурност на верзијата со пет врати, со што Astra стана најсигурниот седан во компактната класа. Моделот со три врати е уникатно дизајниран, базиран на технологијата и опремата наследена од останатите варијанти на Opel-овиот бестселер.
Astra Twin Top: Со елегантната, атлетска фигура, Astra Twin Top јасно се истакнува меѓу новата генерација на кабриолети со метален покрив. Првиот впечаток од овој четворосед потсетува на добро извежбан атлета – без ниту еден грам маснотии во ниту еден дел. Особено нагласениот елегантен профил и’ дава на Astra Twin Top изглед на купе’ меѓу кабриолетите; чистите и едноставни насочени линии од предниот дел и клинестиот облик кој се издигнува на задниот дел, до заоблениот покрив и “стегнатата” задница.
Combo Tour: Сакате да се забавувате со вашите пријатели и семејство? Запознајте го Opel Combo Tour. Јасен, со добар изглед, функционален дизајн кој отсликува еден свет. Подолгото меѓуоскино растојание, во комбинација со две врати со широк отвор и на лизгање и посебно отварање на задните врати, значи дека пристапот е многу лесен. Големи прозори за одлична прегледност ја одржуваат внатрешноста светла.
Corsa'08: Некои од вас можеби помалку ќе се грижат за тоа што се случува во мистериозниот свет под поклопецот, но, секако дека ќе бидат воодушевени со тоа што може тој да стори! Агрегатите на новата Corsa во себе вклучуваат голема моќност комбинирана со извонредна заштеда на гориво. Што повеќе можете да посакате?
Meriva: Meriva ви дава повеќе од само флексибилност при изборот за седење и товарен простор. Можете да изберете од широката понуда на опрема за удобност и комфор соодветна со вашите индивидуални потреби, вклучувајќи го и задниот Twin Audio систем и избор од бензински и дизел мотори, нудејќи извонредна поврзаност одговорност и ефикасност.
Tigra Twin Top: Со индивидуален стил и вграден талент за максимално задоволство во возењето. Три дизајни на внатрешната опрема и атрактивна програма за дополнителна опрема кај Tigra, одговараат на вашите индивидуални потреби. Одберете од 1,4 TWINPORT (со Easytronic опција) или пак 1,8 со врвни перформанси и неверојатно ниска потрошувачка на гориво.
Vectra Sedan: Само еден краток поглед е доволен за да може секој да го препознае првокласниот карактер на Vectra. Исклучителниот вграден квалитет ги надополнуваат класичните линии, додека внатре ќе пронајдете високо ниво на внатрешна префинетост и инструменти кои го подигнуваат автомобилот на луксузно ниво, дизајниран за да даде чувство на фасцинираност и задоволство за секое патување.
Vectra 5vrati: Интерактивниот систем за возење (IDS), кој ја адаптира Vectra на вашите индивидуални потреби. Ова овозможува пријателско управување и сигурност на патот. Потоа, до го додадеме и убедливиот и безнапорен ECOTEC 3,0 V6 CDTI Common Rail Turbodiesel, 2,0 Turbo или пак врвот од гамата мотори 3,2 V6 – и резултат е чувство на смиреност, задоволство и безбедност.
Vectra Caravan: Идеалната позиција за седење, со ергономично дизајнираната контрола, голем простор за главата, рамената и нозете, цврста, а сепак удобна ткаенина, гарантираат целосна опуштеност при патувањето. Но, да не ја заборавиме и германската технологија, квалитет и безбедност.
* |