|
|
|
|
||
|
Авто школи, Автобуси, Аукции, Бензински, Огласи, Рентакар, Салони, Сервиси, Такси, Шпедиции. |
||||
|
avtomoto.com.mk
|
HJUNDAI Avtomobili koi mo`e da se najdat vo salonite vo Makedonija |
Za kontakt, kliknete tuka. |
||
|
Hyundai |
Accent: Целосно модерзиниран, новиот ACCENT е име на кое во потполност можете да му верувате. Традиционалните вредности на Hyundai: доверба, трајност, иновација, практичност, безбедност и економичност се обединети во новиот динамичен профил на ACCENT. Новиот карактер на автомобилот е спој на технолошки иновации и педигре.
Getz: Запознајте се со новиот GETZ, семен компактен автомобил со модерен и свеж дизајн, со безброј нови решенија за динамичен и модерен изглед. Благодарејќи на својата сестрана внатрешност, усовршените безбедносни карактеристики и високиот квалитет, Getz ќе ви понуди многу повеќе од превоз.
I 10: i 10 е плод на инспирација која го креираше и моделот i 30. Со елегантна надворешност и разновидна внатрешност, i 10 ја креира удобноста и задоволството при возењето на едно ново ниво. Новата, чиста економична сила усогласена со динамичен дизајн ни ги дават извонредните перформанси и прилагодливото, прецизно возење.
I 30: Преку i 30 , Hyundai ни представува нова линија на модели цврсто позиционирани во Ц сегментот. Воедно ја преставува новата филозофија на именување на моделите со префиксот i. Префиксот i е синоним за инспирација, како основна двигателна сила, интелигенцијата и интегритет како основни карактеристики. i 30 е насочен кон европскиот граѓанин кој посакува модерна практичност со натпросечен спортски дух, нешто поинакво, но сепак возило со докажан интегритет и квалитети.
Santa Fe: Потполно нов SANTA FE внесува свеж здив на елеганцијата во спортско-рекреативната класа на возилата (SUV). Сестраноста на овој модел е благодарение на комбинацијата за сигурноста во off-road услови, удобноста со возни карактеристики на просторно патничко возило како и можност за превоз на дури седум лица. Постојаниот погон на четири тркала автоматски го распределува вртежниот момент на предните и задните тркала.
Sonata: Корпорацискиот фокус се базира на висок квалитет, современа технологија, вклучувајќи ги вградување на најновите мотори и системи за нагиб, ја зголемуваат безбедноста и задоволството при возење на петтата генерација на SONATA која припаѓа на иднината. Сосема новиот изглед на SONATA ја продолжува традицијата понудувајќи натпросечен квалитет и инвентивен систем на активната контролна геометрија.
Tucson: Cовремен авантурист кој ќе ве заведе со својата издржливост и чувство за безбедност. TUCSON освен моќ, удобност и издржливост, ќе ви овозможи вистинско задоволство и возбудување. Без разлика за изборот на моторите (бензинец или дизел) сите се дизајнирани да овозможат совршен спој на економичност и сила. Инспирацијата, посебно авантуристички дух, Tucson има совршена моќ да ја претвори во богато искуство.
* |
|