Аудио, Бандажи, Гуми, Делови,

 

Авто школи, Автобуси, Аукции, Бензински, Огласи, Рентакар, Салони, Сервиси, Такси, Шпедиции.

 

Банки, Лизинг, Осигурување,

 avtomoto.com.mk

 

НОВОСТИ

Za kontakt, kliknete tuka.

do 11.000eur

11.000-21.000eur

21.000-31.000eur

31.000-41.000eur

41.000-51.000eur

nad 51.000eur
 

Хјундаи I20, наскоро и кај нас

Со цел да се приближи до нови купувачи, Корејскиот Хјундаи ја обновува целата палета на својте модели. По успешно лансираниот компактен модел I30, следеше градскиот автомобил I10. Како трет во низата ни пристигна I20, кој доаѓа како наследник на Гетц кој постигна одлична продажба. Хјундаи I20 е дизајниран во Европскиот центар Руселшајм, а се произведува во Индија, која покрај Кина има огромен автомобилски погон. Внатрешноста на автомобилот е многу поудобна од Гетцот, но и понатаму преовладува едноставен дизајн. Пластиката на арматурните плочки е тврда, но на око изгледа добра. Седиштата се цврсти и добро профилирани и се нуди доволен простор. Основен модел е 1,2 литрениот агрегат со 78КС, кој се нуди со дополнителна опрема: клима, АВЅ, аудио МР3, централно заклучување со далинско... Освен претставениот модел со пет врати, за другата година се очекува и изведба со три врати.

 

Нова Мазда 3 седан

Пред пет години Мазда, својот успешен модел 323 го замени со нова генерација и со ново име - Мазад 3. Денес овој модел се нуди како hatchback во изведба со пет врати и како седан со четири врати. Обновата на 3-ката почна со седан верзијата, која беше претставена на авто саемот во Лос Ангелес. Со оглед дека овој модел на Јапонскиот производител е најпродаваниот модел на многу пазари низ светот, не е чудно што првин беше презентиран во САД. Мазда во сите свој модели протежира спортски дух, па во тој стил е направена и новата генерација. Значаен редизајн е направен во екстериерот. Нормално редизајнот е оценет со позитивни оцени и сега 3-ката повеке наликува на 6-ката.

Новата Мазда 3 е долга 4590мм, широка 1755мм и висока 1470мм со меѓуосовинско растојание од 2640мм. Досега беа презентирани само два бензински модела со агрегат од 2,0 со 144КС кој е во пакет со 5 степенски мануелен менувач и 2,5 со 165КС со 6 степен мануелен менувач. Во понуда е, и 5 степен автоматски менувач.

 

Голф VI

Најдобриот Голф на сите времиња. Накратко така ја опишуваат најновата - шеста генерација Голф од Фолксваген. Иако на прв поглед едвај се забележуваат, сепак има дизајнерски промени. Најинтересната промена кај новиот Голф е Park Assist кој овозможува скоро автоматско паркирање и АСС т.е. автоматска контрола на растојанието. Прилагодливата шасија овозможува избор помеѓу удобно и лежерно возење и спортско возење, со само едно кликнување. Со ова 6-та е првиот Голф со адаптивна шасија. Адут на новиот Голф е и одличната акустика, која во внатрешната кабина е сведена на минимум.

Голфот ке се нуди со две и четири врати, во три пакети на опрема (Trendline, Comfortline i Highline). Во сериската опрема ке има: 7 воздушни перници, ЕЅР,  електрично придвижувани прозори, клима уред итн. Моторите кој ке се нудат ги исполнуваат Еуро 5 стандардите, а потрошувачката е намалена до 28% и трошат од 4,5 до 7,1 литри. Стандарно ке се нуди 5 или 6 брзински рачен менувач, а ке се нуди и DSG со 6 или 7 брзини. На нашиот пазар 6-та може да ја очекуваме за 5 месеци, а цената сеуште не е позната.

 

Најавен Мини Кросовер

Брендот Мини ја припрема и третата варијанта од својот модел, со најавата на концептот Мини Кросовер, кој ке биде откриен на јавноста на Париското мотор шоу следниот месец. Претходници на оваа варијанта беа Мини Купер и Мини Клубман. Интересното кај овој модел е левата задна врата која всушност е лизгачка врата, препознатлива за комбињата. Меѓуоскиното растојание на овој модел е 2606мм, а неговата должина изнесува нешто над 4м. Висината е малце поголема од онаа на Клубман и со ова ја има најкомфортната кабина што некогаш ја понудиле од Мини, нудејки пространо место за четворица патници.

Пристапот на BMW од концепт до производство во последните неколку години е да се направат минимални промени. Надворешниот изглед кој го видовме кај претходните изданија ке остане ист, но сепак да почекаме до неговото производство кој се планира да почне во 2010 година.

само по avtomoto.com.mk
по целиот MK web

aaaa     $$$$ ОВДЕ $$$$

aaaa

 

aaaa

Новости, 3, 2, 1.