|
|
|
|
||
|
Авто школи, Автобуси, Аукции, Бензински, Огласи, Рентакар, Салони, Сервиси, Такси, Шпедиции. |
||||
|
avtomoto.com.mk
|
НОВОСТИ |
Za kontakt, kliknete tuka. |
||
|
Scirocco по пауза од 16 години Во 1974 година Фолксваген го претстави спортскиот модел Scirocco. Во текот на двете генерации, до 1992 година овој модел беше произведен во 800 илјади примероци. Сега после пауза од 16 години овој модел повторно се произведува. Неговата промоција беше на саемот за автомобили во Женева. Моделот се произведува со четири седишта, но на задната клупа не се нуди никаква удобност. Удобноста и комфортот може да се почуствуваат само на возачкото и совозачкото седиште.
Почетна цена за овој модел во Германија изнесува 21,750 евра. Ке се нуди во три бензински изведби ( TSI со 122кс, 160кс и 200кс) и една дизелска (TDI 140кс). Моторите со 200кс и 140кс ке се нудат со шест степен менувач DSG, a моторот со 160кс ке се нуди со седум степен DSG менувач.
Наскоро Ауди Q5 Иако цените на горивата секојдневно достигнуваат нови рекорди, продажбите на SUV моделите и натаму е на стандардно ниво и се доста барани на пазарите ширум светот. Тоа одамна го свати Ауди, па го понуди големиот модел Q7, кој имаше одлична прифатеност и продажба. Но за да бидете профитабилни во автомобилската индустрија, потребно е константно производство на нови модели.
На ред дојде да ви ја претставиме покомпактната и поубавата верзија на Q7. Станува збор за Q5. Долг е 4630мм, широк 1880мм и висок само 1650мм. Меѓуосовинското растојание изнесува 2810мм и обезбедува доволно простор во кабината. Багажниот простор е 540 литри, а може да се прошири на 1560 литри. Новост во Ауди е можноста за склопување на совозачкото седиште и со ова се овозможува транспорт на подолги предмети. На пазарот ќе бидат понудени Ѕ-line пакет за екстериерот кој му дава спортски изглед на моделот и off-road пакет кој има совршен изглед, благодарејки на додатната заштита на каросеријата од страна и назад. Цените за овој модел и за понудените пакети на опрема ќе се знаат во Октомври месец.
Кина копи-мастер II Кинезиве немаат никакви граници. Копираат и луксузни автомобили како Ролс Ројс Фантом и BMW 7. Нормално покрај луксузните модели копираат и автомобили кој се едни од поефтините на пазарот - Матиз (Спарк). Ако тука Спаркот може да се купи за 6,500 евра, многу ме интересира колку е цената на неговиот Кинески близнак.
Зашто само автомобили кога би можело да се копираат и автобуси. Ова е копија од Неоплан Старлајнер. Ама стварно незнам зашто морало и логата на фирмите да се копираат и да бидат толку слични со нивните оргинали. Дали се неинвентивни Кинезиве или пак сакаат покрај познатите брендови да продадат демек ист производ. Подоле слики од копиите на Toyota и BMW, и гратис слика од интериерот.
Кина копи-мастер На исток ништо ново. Кинезите и натаму копираат се што може да се копира. Се копира од некој минијатурни производи и непознати марки до марки како: Гучи, Пепси, Нокиа, Самсунг итн. Сега на ред стигнаа и автомобилите. Еве слики од Кинеските копии на автомобили.
|
|