|
|
|
|
||
|
Авто школи, Автобуси, Аукции, Бензински, Огласи, Рентакар, Салони, Сервиси, Такси, Шпедиции. |
||||
|
avtomoto.com.mk
|
НОВОСТИ |
Za kontakt, kliknete tuka. |
||
|
Дачија Сендеро за 2-4 месеци на нашиот пазар Во Рено се најавуваат нови планови за Дачија. Иако Романската марка, со своите актуелни четири модела се повеке се цени на пазарот во Западна Европа, од Дачија изјавуваат дека не ги покриваат најпопуларните сегменти во западните земји. Поради тоа Дачија се одлучи за напад на најпопуларниот сегмент со моделот Сандеро, а се најавува и SUV модел. Според своите карактеристики и димензии Сандеро спага во Б сегментот. Со солжина од 402см и ширина од 175см, главна карактеристика на Сандеро би била пространоста. За пространоста и удобноста говори и фактот од 2588мм меѓуоскино растојание. Обемот на багажниот простор изнесува 320 литри, а доколку ги спуштите задните седишта се добива доста обемен простор од 1200 литри.
Како и за претходните модели, не очекувајте цена над 10.000 евра. Наесен се очекува Сандеро да се појави и на нашиот пазар, а цената за основниот модел со бензиски мотор 1,4MPI со 75KS би изнесувала околу 7.700 евра. Верзијата со мотор 1,6MPI со 90KS би ве чинела околу 8.200, а доколку саката да возите со целосна опрема би требало да одвоите 9.500 за верзијата со 75КЅ или 9.960 за верзијата со 95КЅ. Дизелските агрегати 1,5 dCi со 70 или 85КЅ ке се појават подоцна на пазарот и за нив сеуште нема формирано цена.
Два нови модела од Абарт за Фиат 500 Постарите љубители на автомобилите сигурно се секаваат на Абарт. Тоа е Италијански производител на автомобили, основан во 1949 година од Карло Абарт. Моделите на овој производител имаа големи успеси во автомобилските спортови во шеесетите години. Во 1971 година Абарт беше откупен од Фиат и денес функционира како производител на спортски модели од Фиат групацијата. Во деведесетите години овој производител беше скоро заборавен во автомобилската индустрија, за во 2007 година повторно да се појави на пазарот со Гранде Пунто Абарт Ѕ2000. Дел од други модели кој ги има произведено Абарт се: Фиат Пунто Абарт, Фиат 131 Абарт рели, Фиат 124 Абарт рели, Фиат Ритмо 130 Абарт, Фиат Ритмо 125 Абарт, Фиат Стило Абарт, Алфа Ромео Абарт 2000 Купе и др.
Денес Ви ги претставуваме двете најнови верзии од Фиат 500 Абарт. Тоа се - 135КС 500 Абарт 1,4 16V Turbo T-Jet и 200КС 500 Абарт 1,4 16V turbo ASSETTO CORSE. Ке започнеме со карактеристиките на моторот на моделот со 135 коњски сили (99KW). Составен е од 4 цилиндри во линија со по 4 вентили во цилиндер. Зафатнината изнесува 1368 кубика, а максималната сила е 206 Њутнметри при 3000 вртежи во минута. Турбо полначот е со варијабилна геометрија IHI RHF3-P. Трансмисијата е со пето степен менувач со C510 менувачка кутија. Суспензијата е Мек Персон со предна анти рол шипка. Задната конфигурација со тркалата е поврзана преку вртлив мост со анти рол шипка. Управувањето е Dualdrive електрично придвижен со спортски подесувања. Стандардните тркала се со диманзии од 6,5 х 16“ со алуминиумски фелни и гуми 195/45 R16“. Како опција се нуди 7 х 17“ алуминиумски фелни со гуми 205/40R17“. Клиповите на предните кочници се со дијаметар од 54мм, а дисковите се со дијаметар од 284 х 22мм. Клиповите на задните сопирачки се со дијаметар од 34мм, дисковите со дијаметар од 240 х 11мм. Емисијата на јаглерод изнесува 155 грама на километар и ги задоволува стандардите согласност Еуро 5. Потрошувачката варира од 5,4 до 8,5 во зависност дали возите на отворено или во град. Сепак потрошувачката за овој модел со максимална брзина од 205 километри е прилично мала. Забрзувањето од 0-100 изнесува 7,9 секунди. . Вториот модел е со 200 коња (147KW), со максимална сила од 300 Њутнметри при 3000 вртежи во минута. Како и претходниот модел содржи 4 цилиндри во линија со по 4 вентили од цилиндер. Кубикажата изнесува 1368cm2. Турбо полначот e Garrett GT со фиксна геометрија, a ладењето е со појачан воден и воздушен систем. Трансмисијата е со шесто степен менувач со М32-6 менувачка кутија. Предната суспензијата е Мек Персон со специјален тркачки шок пригушувач и со пружина која се прилагодува на висината на возилото. Задната суспензија е со специјален тркачки шок пригушувач и со пружина која се прилагодува на висината на возилото. Управувањето е електрично придвижено со тркачки подесувања. Овој модел го носат алуминиумски фелни 7 х 17“ со гуми 205/50 ZR17. Предните дискови на сопирачките се со дијаметар 305 х 28мм, а дисковите на задните тркала се со дијаметар од 264 х 11мм. Тежината на овој модел изнесува 930 кила и сериски се продава со заден спојлер и преден модифициран браник.
Најуспешното шестомесечје за Ауди на Кинескиот пазар Ауди успешно го прослави постоењето на Кинескиот пазар. На овој пазар се присутни веке 20ет години, а оваа пола година беше најуспешна за нив. Од Јануари до Јуни во Кина ( вклучувајки го и Хонг Конг ) биле продадени дури 60,509 автомобили. Со ова се потврдува лидерската позиција на Ауди во премиум сегментот во Кина.
Продажбата на Ауди А6Л, која се произведува во Чангчун се зголеми за 18% и изнесува 42,969 единици. Верзијата на Ауди А6 со подолгото меѓуоскино растојание останува најпродаваниот автомобил во Кина во премиум групата. Продажбата истотака е зголемена и на Ауди А4 кој се произведува во Кина. Неговата продажба од Јануари до Јуни изнесува 10,819 единици, што претставува зголемена продажба за 20% од истиот период претхпдната година.
Продажбата истотака е зголемена и за моделите - Ауди А8 и Ауди Q7. Продадени се 2,431 единици Ауди А8, што претставува зголемување на продажбата за 50%, додека продажбата на Ауди Q7 е зголемена за дури 90% во споредба со истиот период од претходната година. Ауди Q7 е продаден во 2,663 единици. Ауди е присутен на Кинескиот пазар веке 20ет години и за првпат минатата 2007 година успеа да продаде над 100,000 возила.
Фолксваген продаде 2,7 милиони возила, за само 5 месеци Фолксваген групацијата, постави нов рекорд во продажба на нивните возила. Во периодот од Јануари до Мај 2008 година, ширум светот беа продадени скоро 2.7 милиони возила, што претставува зголемување на продажбата за 6,6% во споредба со истиот период од претходната година. Продажбата им беше зголемена за 2% во месец Мај и изнесуваше 553,400 возила.
Големиот диверзитет на возила од осум бренда кој се во сопственост на Фолксваген, успешно се пласираа и во поделикатните пазари. Во периодот од Јануари до Мај, побарувачката за овие возила, се развиваше значително подобро, отколку целокупната индустрија на Европскиот пазар, каде побарувачката се намалува. Во Европа групацијата до купувачите испорача 1,55 милиони возила, што претставува пораст за 2%, а продажбата на осумте бренда на возила во Германија изнесуваше 432,700 возила (пораст од 4,1%). Продажбата во Западна Европа (исклучувајки ја Германија), опадна за 2,5%, во споредба со истиот период од 2007 година. Тука беа продадени 886,000 возила. За разлика од Западна Европа, продажбата значително е зголемена во Источна и Средна Европа. Продажбата е зголемена за дури 18,6% во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 229,500 возила.
Брендот Фолксваген од Јануари до Мај имаше најуспешна продажба од 1,57 милиони продадени возила (зголемена за 6,7%). Ауди истотака бележи пораст на продажбата од 1,5%, а беа продадени 426,000 возила. Најголемото зголемување од 18,4% го има брендот Шкода, со продажба од 301,500 возила. Зголемување има и кај комерцијалните возила од 13,4%, каде што беа продадени 216,400 возила. Брендот Бентли имаше продажба од 4,000 возила. Ламбурџини бележи продажба од 1,100 возила, а Бугати успеа да продаде 25 возила. Единствено пад на продажбата има на Сеат моделите. Падот е од 5,9%, со продадени 170,000 возила. |
|