Аудио, Бандажи, Гуми, Делови,

 

Авто школи, Автобуси, Аукции, Бензински, Огласи, Рентакар, Салони, Сервиси, Такси, Шпедиции.

 

Банки, Лизинг, Осигурување,

 avtomoto.com.mk

 

  НАСТАНИ

Za kontakt, kliknete tuka.

do 11.000eur

11.000-21.000eur

21.000-31.000eur

31.000-41.000eur

41.000-51.000eur

nad 51.000eur
 

Славните и нивните миленици

Што возат славните? Колку заработуваат? Што модели преферираат? Еве дел од славните и дел од моделите кој ги возат или во кој се возат. Нормално ова е само мал дел од нивниот возен парк, но ги издвојуваме нивните најомилени. Пирс Броснан - Астон Мартин Ванквиш. Ванквишот го поседуваат и: Џенифер Лопез и Марк Антони, Миси Елиот и Џенет Џексон, а неговата цена е 150.000$.

Сајмон Ковел, познат како жири во Американскиот идол. Најдобро за него е само перфектното, а тоа е Бугати Вајрон. Овој ѕвер вреди нешто повеке над милион $, и користи специфичен вид на гориво кој во Европа тешко може да го најдете.

Парис Хилтон, девојка од висока класа со многу $. Нормално за одржување на нејзината репутација мора да вози автомобил сразмерен на нејзината класа. Таа моментално вози Мерцедес SLR кој вреди 500.000 $.

Бред Пит и Анџелина Џоли, покрај грижата за големо потомство (веке 6 деца), тие се грижат и за околината, возејки еколошки автомобили. Тие возат BMW Hydrogen 7 кој за разлика од останатите автомобили, испушта многу малку штетни гасови. Цената на овој модел е нешто над 150.000 $.

Познатиот рапер 50 Cent поседува ергела коли од кој глава боли. Најомилено галениче му е Rolls Royce Phantom, а за да ги имаш поркај пари потребно ти е и стрпление додека да го добиеш.

 

Мазда 3 hatchback

Откако беше презентирана новата Мазда 3 седан, на ред дојде и hatchback изведбата. Оваа верзија се промовираше на авто саемот во Болоња на 3ти декември. Овој модел како и неговиот претходник ке се продава со 5 и со 3 врати. Кај Маздата со пет врати ке се користи 2,2 литрен дизел моторот . Овој мотор беше користен кај Мазда 6 и во некој тунирани изведби стига и до 182КС. Овој мотор ке ги исполнува Евро 5 стандардите. За да видиме колку ке изнесува цената на овој модел и со каква опрема ке се нуди ке мора да почекаме уште малку. Едно што се знае е дека на Американскиот пазар ке бидат понудени мотори со поголема јачина и нормално поголема потрошувачка. Очекувањата се дека ке се нуди 2,5 литрениот мотор кој произведува 168 вртежни моменти.

 

Заврши државното првенство на кружни патеки

Викендов се возеше последната трка од државното првенство на кружни патеки. Поради проширување на сообраќајницата кај МТВ, трката за првпат се возеше околу спортската сала Борис Трајковски. Трката се одвиваше во најдобар ред, но мина во знакот на несреќата кој ја направи возач на Херц од Србија. На неколку минути трката беше прекината и се чекаат да интервенираат возилата на првата помош. За срека возачот и гледачот кој настрада при избегнувањето на автомобилот поминаа со полесни повреди.

По извозената последна трка, генералниот пласман изгледа вака:

класа 1 - Виктор Давидовски 44 бода; Александар Тодоровски 42; Горан Јачев 19.

класа 2 - Игор Стефановски 40 бода; Игор Богатиновски 38; Марио Велковски 30.

класа 3 - Благоја Димитровски 24 бода; Ванчо Мижовски 23; Орхан Ахмет 20.

класа 4 - Владимир Димушевски 38; Дејан Георгиевски 28; Спирко Петрушевски 22.

класа 5 - Блаже Јанакиевски 36 бода; Ѓорѓи Данилов 34; Александар Ѓорѓиевиќ 14.

 

Најмалата Алфа - Мито

Најновиот модел од Алфа Ромео е Мито. Името Мито е комбинација од двете почетни букви на градовите во кој е создаден овој модел, Милано и Торино. Покрај ова значење Мито на Италијански значи и мит или легенда. Мито не е замена за никој од веке постоечките модели. Предната маска односно носот и светлата се позајмени од 8С Competizione. Помал е од моделот 147 за 10см т.е. неговата должина изнесува 406см. Широк е 172см, а височината му изнесува 144см. Засега се произведува само во изведба со 3 врати.

Цените за овој модел во Италија се движат над 15.000 евра. Основниот модел Мито Јуниор со 78КС се продава за 15,350 евра. Бензинската турбо изведба со 155КС и 1,4 кубика кошта 17.950 евра. Понудена е и дизелска изведба со 1,6 литрен мотор и 120КС, а доколку сакате да го поседувате овој модел ке Ве кошта 18.950 евра. Сите три понудени модели се опремени со 6 степен мануелен менувач, а од следната година може да се очекува и GTA изведба.

само по avtomoto.com.mk
по целиот MK web

aaaa     $$$$ ОВДЕ $$$$

aaaa

 

aaaa

Настани, 3, 2, 1