|
|
|
|
||
|
Авто школи, Автобуси, Аукции, Бензински, Огласи, Рентакар, Салони, Сервиси, Такси, Шпедиции. |
||||
|
avtomoto.com.mk
|
НАСТАНИ |
Za kontakt, kliknete tuka. |
||
|
Transporter 3 Покрај Fast & Furious 4, неделава беа пуштени и трејлери од новото 3-то продолжение на филмот Transporter. Филмот е во режија на Оливер Мегатон, а сценариото како и за првите два дела е на Роберт М. Камен и Лук Бесон. Улогит ке ги репризираат и Џejсон Статам и Audi A8 W12. Темата е иста како и во претходните два дела, да се достави одреден пакет од едно до друго место без никакви прашања. Претходните дела беа одлични со многу акција и бесни возења. Да се надеваме дека ке се задржат на тоа.
Ако сте ги пропуштиле претходните два дела, обавезно гледајте ги: http://watch-movies.net/movies/transporter_2/ http://watch-movies.net/movies/the_transporter/ Fast & Furious 4 Деновиве беа објавени првите трејлори од новото 4-то продолжение на Fast & Furious. Премиерата е најавена за јуни 2009 година. Главните улоги ке ги толкуваат истите глумци како од првиот дел: Вин Дизел (Доминик Торето), Пол Волкер (Брајан ОКонер), Мишел Родригез (Лети) и Џордана Брустер (Миа). Останува нестрпливо да чекаме до другото лето и да видиме што ново ке ни претстават од автомобилизмот и тјунингот на возилата. Според трејлорот ова би било најдобриот дел од овој серијал - слободно видете го.
Случајно ако не сте ги гледале претходните делови, еве Ви линкови. Уживајте. http://watch-movies.net/movies/the_fast_and_the_furious_tokyo_drift/ http://watch-movies.net/movies/2_fast_2_furious/ http://watch-movies.net/movies/the_fast_and_the_furious/
Промоција на Форд Куга во Франкфурт Концептот Форд Куга ќе ја има светската премиера на саемот во Франкфурт и со ова ќе го претстави најновиот компаниски бренд на кинетички дизајн. Овој модел ќе има камера на задната врата која ќе овозможи многу полесно маневрирање. Тоа ке се гледа на 7-ум инчен монитор поставен на шалтаблата. Прегледноста и пространоста ја подобрува и панорамскиот сончев покрив кој ке се нуди како дополнителна опција. Кај Кугата ке биде достапен модел со диференцијал на сите четири тркала кој ке ја истакне одличната можност на Форд возилата за возење надвор од урбаната средина. Иако се уште не се знае со кој агрегати ке се нуди Кугата, се претпоставува дека ке се понуди дво литрениот дизелаш 136 РЅ Дураторк TDCi common-rail, со шест брзински мануелен менувач.
Нова генерација Форд КА Пред неколку дена беа објавени слики од новата Форд КА. Иако овие слики се сосема малку, се очекува пред почетокот на Парискиот саем на автомобили, да се објават повеке. На овој саем и официјално ке биде презентирана новата КА. Новата генерација на Форд КА се произведува во Полска, а се произведува на истата платформа со Фиат 500. Но освен ова тие ке имаат и исти мотори ( 1,25 бензинец и 1,3 Мултијет Дизел). За почеток ќе бидат понудени само овие две агрегати, а за подоцна се планира и спортска верзија која би била конкурент на Рено Твинго РС и Фиат 500 Абарт.
|
|