Аудио, Бандажи, Гуми, Делови,

 

Авто школи, Автобуси, Аукции, Бензински, Огласи, Рентакар, Салони, Сервиси, Такси, Шпедиции.

 

Банки, Лизинг, Осигурување,

 avtomoto.com.mk

 

  НАСТАНИ

Za kontakt, kliknete tuka.

do 11.000eur

11.000-21.000eur

21.000-31.000eur

31.000-41.000eur

41.000-51.000eur

nad 51.000eur
 

Наскоро, новата Хонда Акорд

За неколку недели ќе ни биде достапна новата Хонда Акорд. Ке се нуди во две бензински изведби и една со дизелски мотор, а ке се очекува и караванска изведба. Во споредба со претходната верзија, новиот Акорд е подолг и поширок за 8см, а багажникот е за 8 литри по обемен. Караванот е 1см пократок и 8см поширок. Поради новиот дизајн и облините, багажникот му е намален и сега изнесува 170 литри.

Сите три погонски агрегати се обновени и сега ги исполнуваат Еуро5 нормите. Уште еден плус кај дизелскиот мотор е појачувањето од 10КЅ, колку што изнесува и појачувањето кај максималниот вртежен момент. Дволитрениот бензинец со 156КЅ е позајмен од моделот CR-V, а покрај него е и 2,4 литрениот бензинец со 210КЅ. Сите мотори се со 6-степен мануелен менувач, а кај бензинците се нуди и 5-степен автоматски менувач. Кај мануелните менувачи на инструмент таблата има Shift Indikator Light кој сигнализира кога е оптимално за да се смени во поголема или помала брзина и со ова може да се заштеди до 5% гориво.

 

308 СС најавен за следната сезона

Пежо ја произведе купе-кабриолет верзијата од 308. Сепак за овој убавец да го прошетате по улиците, ке треба да причекате до следната сезона. Преобразбата од купе во кабриолет е потполно автоматизирана и трае само 20 секунди. Внатрешноста нуди доволно простор за возачот, совозачот и доволен простор на задната клупа. Багажниот простор за разлика од 307 СС е поголем и изнесува 465 литри во купе изведба и 266 литри во кабриолет издание.

За почеток во продажба ке бидат пуштени два агрегати. Бензински 1.6 ТНР со 150 коња и турбополнач. Другиот е дизел мотор 2.0 HDi FAP со 140 коња и ги исполнува нормите за Еуро 5. Двете изведби се со 6 степен мануелен менувач.

Големо внимание е посветено на безбедноста на патниците. Ова е првиот автомобил во светот кој има странични зрачни перничиња за глава. Покрај ова намалена е буката во патничката кабина, во купе изведбата.

 

Волво XC90 прогласен за најдобар SUV во Русија

Моделите на Волво автомобилите во 2007 и 2008 година беа добитници на бројни престижни награди во Русија. Последна од овие награди е за Волво XC90, избран за најдобар SUV во 2008 година. Наградата беше врачена на специјалното доделување во Москва, а ја прими Алексеј Козуков - директор на Волво во Русија, кој истакна дека конкуренцијата била доста густа.

Сопствениците на автомобили во Русија го оценија Волво за најдобар избор на пазарот. Клуб 4х4 организира натпревар во кој се оценуваат автомобили во осум категории. Од 101 модели, 16 се пласираа во финалето, а можеше да се гласа преку интернет страница или со СМС.

Оваа награда за Волво XC90 стана традиција, бидејки овој модел беше добитник на наградата и во 2005 и 2006 година. Оваа награда особено е важна за Волво - Русија, бидејки Русија е вториот по големина пазар за Волво. Пред овој пазар е пазарот во Америка.

 

Мото трка во Кичево

Викендов 05,07-06,07 се одржа првата трка во моторциклизам во шампионатот на Македонија. Организатор на трката беше мото клубот Мото Охрид, кој учествуваше и со свој моторциклисти. Се возеше по една трка во двете класи. Првата класа беше до 600сс, а втората класа до 1,000сс. Во класата до 600сс победник беше Слободан Ивчевски со моторот Сузуки GSXR 600 мото клубот Цобо спорт. Втор на патеката заврши Суат Аелман со мотор Кавасаки ZX6R, од мото клубот Тумац. Место на пиедисталот обезбеди возачот на организаторот на трката Димитар Димитров со Хонда GP 125.

Кај класата до 1,000сс првите три места ги поделија возачите на мото клубот Тумац. Прв заврши Сашо Николов со моторот Јамаха R1. Втор трката ја заврши Ефтим Вељановски со мотор Сузуки GSXR 1.000, а Игор Јовановски со мотор Јамаха R1 не успеа да ја заврши трката.

Следната трка е закажана за 30-31 август. Трката повторно ке се вози на кружната патека во Кичево и се најавува подобра организација и помасовно учество на возачи.

само по avtomoto.com.mk
по целиот MK web

aaaa     $$$$ ОВДЕ $$$$

aaaa

 

aaaa

Настани, 3, 2, 1