Аудио, Бандажи, Гуми, Делови,

 

Авто школи, Автобуси, Аукции, Бензински, Огласи, Рентакар, Салони, Сервиси, Такси, Шпедиции.

 

Банки, Лизинг, Осигурување,

 avtomoto.com.mk

 

НОВОСТИ

Za kontakt, kliknete tuka.

do 11.000eur

11.000-21.000eur

21.000-31.000eur

31.000-41.000eur

41.000-51.000eur

nad 51.000eur
 

Опел / Vauxhall Ампер

Ампера е најновиот модел од Опел. Овој модел е Европската верзија на Шевролетовиот Волт. Моделот ја имаше својата промоција на авто салонот во Женева на 3ти март. Ампера е хечбег со пет врати и четири седишта, придвижуван со хибридниот систем кој го движи и Волт, со литиум-ионска батерија, која со единечно полнење може да помине 60 километри.

Мотор со внатрешно согорување ке дејствува како генератор за да ја полни батеријата, која од Опел велат дека може да помине вкупна должина од 500 километри. Оваа батерија може да се полни преку различни 230 волтни електрични приклучоци. Дизајнот на овој модел наликува на дизајнот од Флекстрим концептот и на Опел Инсигнија кој беше прогласен за автомобил на годината во Европа. Продажбата во Европа е закажана за во 2011 година.

 

Нова верзија на Форд Фиеста

За бизнисмените чии бизнис е во урбаната средина, Форд претстави нова верзија од Фиеста, а тоа е Фиеста Ван. Најмалото комерцијално возило од Форд наликува на стандардната Фиеста со 3 врати, но со затемнети задни стакла и со две седишта. Задните седишта се отстранети, а задните прозори се заменети со цврсти панели. Оваа модифицирана Фиеста нуди багажен простор од 1000 кубни литри или 500кг. Максималната должина на багажниот простор изнесува 1296мм. Фиеста Ван ке се нуди со бензиски мотор од 82 конски сили и 1.25 литри и во дизел изведба со мотор од 90 конски сили и 1.6 литри. Цената по која ке се продава овој модел во В.Британија изнесува 10.000 евра за основната верзија, а ке бидат достапни и побогатите верзии, како - Тренд.

 

Сузуки А-стар

Не одстапувајќи од визијата да произведуваат поквалитетни возила, за што помалку пари, Сузуки изминативе три години ги лансираа своите три успешни стратешки модели: Свифт, ЅХ4 и Гранд Витара. По Женевскиот авто саем на успешната тројка им се приклучи и моноволумецот Сплеш. Трагата на оваа четворка и стратегијата за долгорочниот раст и развој на корпорацијата Сузуки ја следи и најновиот модел од Сузуки, а тоа е концептот А-стар.

Овој модел веке беше претставен на Авто Експо во Њу Делхи, минатата година. А-стар е петвратен градски автомобил со изразит спој на екологија и удобност. Новиот едно литарски бензински мотор ги задоволува Еуро5 стандардите и ке испушта значително помалку издувни гасови од оние на Европските конкуренти. Со ова од Сузуки уште еднаш не уверуваат дека и спортските перформанси може да одат со мала потрошувачка и со висока сигурност на патниците. Овој модел се произведува во Индија, каде што беше создаден и Марути, а ке се пласира низ Европа и други земји вклучувајки ја и Индија.

 

Новости, 3, 2, 1.

само по avtomoto.com.mk
по целиот MK web

aaaa     $$$$ ОВДЕ $$$$

aaaa

 

aaaa