|
|
|
|
||
|
Авто школи, Автобуси, Аукции, Бензински, Огласи, Рентакар, Салони, Сервиси, Такси, Шпедиции. |
||||
|
avtomoto.com.mk
|
НАСТАНИ |
Za kontakt, kliknete tuka. |
||
|
Откриени БМВ Х5 М и Х6 М Неодамна беа претставени два нови модела од БМВ - Х5 М и Х6 М. Двата модела се со ново развиениот 4.4 литрен мотор со твин турбо V8 кој произведува 555 коња (408 кило вати) при 6.000 вртежи. Во комбинација со новиот мотор ке оди и новиот 6 степен М Спорт автоматски менувач. Така возачот ке може да турира се до црвената линија, пред да смени брзина без автоматско мешање од автомобилот. Голема помош при стартот ке дава и xDrive погонот на сите тркала со што од 0 до 100 се развива за само 4.5 секунди. Максималната брзина се уште не е објавена, но се претпоставува дека ке има електронско ограничување на 250км.
Тркалата се 20ет инчни со тенки гуми со големина 275/40 R 20 кај предните тркала и 315/35 R 20 кај задните. Двата модели ке бидат опремени со: АВЅ кочници, Сервотроник управувач, Електорнска кочница при паркирање, Контрола при ридско спуштање, Сензор за дожд, Крус контрол, iDrive, камера за поглед позади и адаптабилни ксенон фарови.
Fast & Furious 4 Во петокот на 3ти април беше големата премиера на новото - 4то продолжение на "Fast & Furious". Филмот имаше одлична премиера и имаше нејголема заработувачка неделава со 72.5 милиони долари. Покрај тоа што филмот е најуспешен за Universal Pictures годинава, самата заработувачка го прави и најуспешен филм, досега во годинава. Филмот е оргиналното продолжение од "Fast & Furious", кој беше снимен во 2001 година, а улогите ке ги репрезира и главната актерска четворка: Вин Дизел (Доминик Торето), Пол Волкер (Брајан ОКонер), Мишел Родригез (Лети) и Џордана Брустер (Миа). Главното дејствие е околу бркањето на убијците на заеднички пријател на Торето и ОКонер. Подоле е најновиот трејлер, а за некој ден се надевам дека ке може и да си го купиме на ДВД од нашите ни мили - пиратски тезги.
Славните и нивните миленици 2 Претходната сторија (славните и нивните миленици) минативе неколку дена беше најпосетувана. Иако не сме таблоидна страна, се потрудивме и најдовме други јавни фаци и што тие возат. Следуваат: Том Круз - Актер ; Тајра Бенкс - Фото модел ; Шекил ОНил - Кошаркар ; Шарлиз Терон - Актерка ; Париз Хилтон - Наследничка :-) ; Мадона - Пеачка ; Линдзи Лохан - Актерка ; Ана Курникова - Тенисерка ; Џулија Робертс - Актерка ; Леонардо Ди Каприо - Актер ; Бритни - Пеачка ; 50цент - Рапер ; Џорџ Буш - Прецедател иииииии за крај нешто специално, Тошо Малерот - Жива легенда.
|
|