|
|
|
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Авто школи, Автобуси, Аукции, Бензински, Огласи, Рентакар, Салони, Сервиси, Такси, Шпедиции. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
avtomoto.com.mk
|
MotoGP |
Za kontakt, kliknete tuka. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
HErez 18/02/2008 ; KAtar 09/03/2008 ; [Panija 30/03/2008 ; POrtugalija 13/04/2008 ; KIna 04/05/2008 ; FRancija 18/05/2008 ; ITalija 01/06/2008 ; KAtalunja 08/06/2008 ; BRitanija 22/06/2008 ; HOlandija 28/06/2008 ; GErmanija 13/07/2008 ; SAD 20/07/2008 ; ^E{ka 17/08/2008 ; Сан Марино 31/08/2008 ; INdianapolis 14/09/2008; JAponija 28/09/2008 ; AVstralija 05/10/2008 ; MAlezija 19/10/2008; VАlensija 26/10/2008
27.10.2008, Valensija: Како што ја почна сезоната, Кејси Стонер така и ја заврши - со победа. Стонер победи на последната трка за оваа сезона, возена на стазата во Валенсија. Ланскиот победник на оваа патека Дани Педроса, не успеа да забележи победа на домашен терен. На крајот тој заостана 3.39 секунди зад Стонер. Трет на подиумот беше Валентино Роси кој веке одамна си ја обезбеди шампионската титула. Откако на минатата трка успеа за прв пат да се качи на подиумот, Андреа Довициозо водеше битка слична на онаа од претходната трка, но не успеа да ја добие. Довициозо заврши четврто пласиран. Иако Дани Педроса, стартуваше од првиот ред, повторно го загуби дуелот со Довициозо и се пласира на петтата позиција. Педроса во наредната сезона ке вози за Дукати. Како шести се пласираше Колин Едвардс, а по него завршија Шинја Накано, Хорге Лоренцо, Лорис Капироси и Алекс де Ангелис. Трката ја завршија сите 18-ет возачи.
20.10.2008, Mаlezija: Валентино Роси уште еднаш докажа дека со право ја заслужува титулата Шампион. Овој пат победи на трката Сепанг која се возеше во Малезија. Трката ја возеше стрпливо и на неколку круга до крајот лесно го помина Дани Педроса, а потоа направи и голема разлика. Неизвесна до крајот беше борбата за трето место помеѓу Андре Довициозо и Ники Хајден, која сепак ја освои Довициозо. Ова е прво качување на пиедесталот за Довициозо. Трката одлично ја извозе и Јапонецот Шинја Накано, а ланскиот шампион Стонер заврши како шести. Разликата помеѓу Роси и Стонер, како второ пласиран во генералниот пласман сега изнесува дури 102 бода. Неизвесна ке биде трката кај конструкторите за втората позиција помеѓу Дукати (280) и Хонда (282). Бодови во Малезија освоија и Лорис Капироси, Колин Едвардс, Крис Вермулен, Ренди де Пунјет итн. Трката не ја завршија само Хорге Лоренцо и Џејмс Тоселанд.
06.10.2008, Aвstralija: Победа на Кејси Стонер на домашен терен. По петте победи по ред на Валентино Роси, Стонер успеа да се качи на победничкиот пиедестал. Втората позиција ја освои Роси, кој на крајот заостануваше 6.5 секунди, а трета позиција ја освои Ники Хајден, кој заостана 0.7 секунди зад Роси. Вториот возач на Фиат Јамаха, Хорге Лоренцо заврши четврти, а петто пласиран беше Јапонецот Шинја Накано. Шести заврши возачот на Тек 3 Јамаха, Јејмс Тосенланд. Петто пласираниот во генералниот пласман Андреа Довициосо, заврши седми и сега има вкупно 145 бода. Бодови освоија и Колин Едвардс, Ренди де Пунет, Лорис Капироси, Тони Елиас, а трката не ја завршија Алекс де Ангелис и Дани Педроса.
30.09.2008, Jаponija: Пета победа по ред на Валентино Роси. На неколку круга при крајот на трката, на убав начин го помина Стонер и трката ја заврши со 1.9 секунди разлика. Иако Роси веке ја има освоено шампионската титулата, возеше одлична трка за да докаже дета титулата шампион со право ја заслужува. Трката во Јапонија втор ја заврши Стонер, а трет се пласира Дани Педроса. Вториот возач на Фиат Јамаха трката ја заврши четврти, а вториот возач на Репсол Хонда, Ники Хајден заврши петти. Возачот на Ризла Сузуки, Лорис Капироси се пласираше шести. Бодови освоија и Колин Едвардс, Шинја Накано, Андреа Довициозо, Џон Хопкинс итн.
22.09.2008, Iнdianapolis: Валентино Роси продолжува да ниже победи. Последната победа ја нанижа на трката возена во Индианаполис. Со оваа победа ја освои осмата шампионската титула, на 4-ри трки при крајот на шампионатот. Втората позиција ја освои Ники Хајден, а вториот возач на Фиат Јамаха - Хорге Лоренцо ја освои третата позиција. Ланскиот победник Кејси Стонер го освои за него скромното четврто место. Петата позиција ја освои Италјанецот Андреа Довициозо, а возачот на Ризла Сузуки, Бен Спајс ја освои шестата позиција. Бодови освоија и Силвијан Гинтоли, Дани Педроса, Крис Вермулен, Алекс де Ангелис итн.
01.09.2008, Сан Марино: Еден - два победа за Фиат Јамаха. Роси повторно победи, Стонер повторно не заврши. Кејси Стонер стартуваше од полпозицијата и го имаше водството, се до моментот на излетувањето. Сега разликата во генералниот пласман меѓу Стонер и Роси е 75-ет бода, а до крајот на сезоната има само уште 5 трки. Со оваа преднос, тешко кој може да каже дека Стонер сеуште има шанси за уште една шампионска титула. Но покрај тоа што може да ја изгуби шампионската титула, Стонер може да го загуби и второто место во генералниот пласман. Разликата меѓу Стонер и Педроса е само 2 бода. Педроса трката ја заврши на четвртата позиција и сега има 185 бода во генералниот пласман. Втор трката ја заврши вториот возач на Фиат Јамаха, Хорге Лоренцо, а неговиот сонародник од тимот на Алис, Тони Елиас заврши трет. Петото место го освои возачот на Ризла Сузуки, Крис Врмулен; шестото Британецот Џејмс Тоселанд; седмото Лорис Капироси, а осмата позиција му припадна на Андреа Довициозо кој заостана од Роси за 27,5 секунди.
18.08.2008, ^е{ka: Валентино Роси се враќа во препознатливата форма. Успеа да победи на трката во Брно - Чешка и ова е негова втора победа во низа. Со оваа победа си обезбеди сигурна предност од 50ет бода пред второ рангираниот Кејси Стонер. Стонер трката ја заврши во 16от круг и заврши без освоен бод. Изненадувачки беше втората позиција на Тони Елијас, кој заврши со 15 секунди заостанување. Пласман на пиедесталот обезбеди и Лорис Капироси завршувајки трет. Четврт се пласира Јапонскиот возач Шинја Накано, а петти возачот на Кавасаки Антони Вест. Бодови освоија и Крис Вермулен, Марко Меландри, Алекс де Ангелис, Андреа Довициозо и Хорге Лоренцо кој заврши тесети.
20.07.2008, SAD: По трите победи во ред на Кејси Стонер, Валентино Роси успеа да биде подбар од Кејси на гранд прито во САД. На подиумот се качи и Крис Вермулен завршувајки трет. Италјанецот Андреа Довициозо заврши четврти, а возачот на Репсол Хонда Ники Хајден заврши петти. Во генералниот пласма и натаму Роси е прв, сега со 212 бода. Стонер со 187 бода успеа да му го одзеде второто место на Педроса кој со 171 бод е трети.
13.07.2008, Gеrmanija: Кејси Стонер е победникот на Германското гранд при. Ова е негова трета победа во низа и сега заостанува 20 бода зад Валентино Роси и само 4 бода зад второ рангираниот Дани Педроса. Педроса стартуваше од втората позиција и имаше одличен старт, правејки уште на стартота две секунди предност. Со финиширањето на 6от круг Педроса имаше водство од 7,5 секунди, но потоа следеше неговиот пад и за првпат сезонава не ја заврши трката. Со ова излетување му го отвори патот на Стонер, кој возеше смирено и соло трка цели 23 круга, се до финиширањето на трката. Стонер сега има 167 бода. Втор трката ја заврши Валентино Роси и сеуште се наога на водечката позиција во генералниот пласман. Пет кратниот шампион стартуваше од седмата позиција, но и поркај влажната патека успеа да стигне до втората позиција. Трет трката ја заврши возачот на Ризла Сузуки, Крис Вермулен и за првпат сезонава се искачи на подиумот. Четврт трката ја заврши Алекс де Ангелис со закаснување од 14,124 секунди зад победникот. Андреа Довициозо заврши пети освојувајки 11 бода, а Французинот Силвиан Гинтоли заврши шести. Лорис Капироси ја зазема седмата позиција, но имаше големо задоцнување од 1:04,483. Трката не успеаа да ја звршат Хорге Лоренцо, Дани Педроса, Марко Меландри и Колин Едвардс.
12.07.2008, Gеrmanija : Светскиот шампион Кејси Стонер (22) ја освои пол позицијата за гранд прито на Германија. Возачот на Дукати од Австралија со време од 1:21,067 постави рекорд на стазата и за три стотинки подобро време од Дани Педроса ја освои првата позиција. Со ова тој се надева на хет трик и ке ја брка 21та професионална победа. Минатата година стартуваше од првата позиција но заврши на петата позиција. Возачот на Репсол Хонда, Дани Педроса во својот последен круг успеа да ја освои втората позиција и за утрешната трка се надева на брз старт и превземање на првото место. За разлика од него, Валентино Роси имаше лош ден и ја освои седмата стартна позиција. Третата позиција ја освои возачот на Тек 3 Јамаха, Колин Едвардс, а неговиот клубски колега Џејмс Тоселанд ке стартува од единаесетата позиција. Четвртата и петата позиција им припадна на дебитантите, Андреа Довициозо и Хорге Лоренцо, а шести ке стартува Ренди де Пунет.
28.06.2008, Hоlandija: Kejsi stoner potseti na negovata {ampionska godina. Poka`a kako treba i kako mo`e da se pobedi, so edno konstantno vozewe od po~etok do kraj. Trkata ne be{e uspe{na za Valentino Rosi, koj po padot zavr{i na 11ta za nego bedna pozicija. Za razlika od Rosi, sre}ata go prate{e Kolin Edvards, koj go pomina Niki Hajden na samo nekolku metri pred celnata linija. Na Hajden mu fale{e gorivo za u{te nekolku metir i zavr{i 4ti.
28.06.2008, Hоlandija: Pomina i 9ta trka vo kalendarot na Moto GP natprevaruvaweto. So pobedata na Kejsi Stoner se najavuva mnogu interesna zavr{nica. Pedrosa sega e prv na tabelata so 171 boda. Vtor padna Valentino Rosi i sega ima 167 boda, a Stoner e tret so 142. Хорге лоренцо се наоѓа на четвртата позиција со 114 бода, а возачот на Тек 3 Јамаха Колин Едвардс со 98 бода се наоѓа на петета позиција.
* |
|