Аудио, Бандажи, Гуми, Делови,

 

Авто школи, Автобуси, Аукции, Бензински, Огласи, Рентакар, Салони, Сервиси, Такси, Шпедиции.

 

Банки, Лизинг, Осигурување,

 avtomoto.com.mk

 

FFFFFFF1

Za kontakt, kliknete tuka.

do 11.000eur

11.000-21.000eur

21.000-31.000eur

31.000-41.000eur

41.000-51.000eur

nad 51.000eur
 

AVstralija 09/03/2008 ;        MAlezija 23/03/2008 ;      BAhrein 06/04/2008 ; [Panija 27/04/2008 ;            TUrcija 11/05/2008 ;         MOnako 25/05/2008 ;   KAnada 08/06/2008 ;              FRancija 22/06/2008 ;       BRitanija 06/07/2008 ; GErmanija 20/07/2008 ;         UNgarija 03/08/2008 ;       EVropa 24/08/2008 ; BElgija 07/09/2008 ;             ITalija 14/09/2008 ;         SIngapur 28/09/2008 ; JAponija 12/10/2008 ;           KIna 19/10/2008 ;              BRazil 02/11/2008

б о д о в н а  с о с т о ј б а

 

03.11.2008, Бразил: Заврши Ф1 првенството за 2008 година. Последната трка се возеше на патеката Интерлагос во Сао Пало, Бразил. Победник на трката беше домашниот возач Филипе Маса, кој стартуваше од 1-та полпозиција. Пред да почне трката заврна обилен дожд кој траеше само неколку минути, за на крај на трката повторно да заврне. Поради ова имаше по три влегувања во боксот и најголем ќар имаше Фернандо Алонсо кој стартуваше како 6-ти, а заврши втор. Третата позиција му припадна на вториот возач на Ферари, Кими Раиконен, а како четврти заврши Себастијан Фетел. Фетел стигна до четвртата позиција, благодарејки на Тимо Глок кој на неколку метри при крајот ги пропушти Фетел и Луис Хамилтон кој заврши петти. Со петтата позиција Хамилтон успеа да ја земе шампионската титула, која на Маса му избега за еден поен. Бодови земаа и Тимо Глок, Хајки Ковалаинен и Јарно Трули.

 

20.10.2008, Кина: Само уште една трка не дели од новиот шампион во формула еден. Трката во Кина заврши без некој поголеми изненадувања. Така со новата победа Луис Хамилтон се одалечи 7 бода од Филипе Маса кој трката ја заврши второ пласиран. Но до второто место успеа да дојде откако Кими Раиконен му дозволи да го помине на 7 круга при крајот на трката. Третото место го освои Раиконен, а четвртопласиран заврши Фернандо Алонсо. Двајцата возачи на БМВ, Ник Хајфелд и Роберт Кубица ги освоија петото и шестото место, а бодови освоија и Тимо Глок и Нелсињо Пике. Вториот возач ма Мерцедес, Хајки Ковалаинен не ја заврши трката, бидејки имаше проблеми со пневматикот и ја отежна работата за освојување на титулата шампион кај конструкторите. Разликата е 11 бода за Ферари и само теоретски може Мерцедес да ја освои.

 

13.10.2008, Јапонија: Алонсо уште еднаш не потсети на неговите шампионски денови. Успе да победи две трки по ред, а овој pат победи на патеката во Јапонија. Сепак ова е касно будење на Алонсо, бидејки до крајот има уште само две трки ( Кина и Бразил) и нема теоретски шанси да биде и по трет пат шампион. Одлично патеката ја извозе и Полјакот, Роберт Кубица кој заврши втор, а минатогодишниот шампион Кими Раиконен се качи на последното место на пиедесталот. Трката одлично ја извозе и вториот возач на Рено, Нелсињо Пике кој го освои 4-то место, а како 5-то пласиран заврши Јарно Трули. Бодови освоија и Себастијан Фетел, Филипе Маса и Марк Вебер. Луис Хамилтон иако стартуваше од првата позиција, трката ја заврши 12-ти. По инцидентот со Маса, Хамилтон се изврте, а драгоцено време изгуби и со казната од 10 секунди низ пит стопот.

 

30.09.2008, Сингапур: Фернандо Алонсо е победник на првата трка која се возеше ноќно време. Победата во Сингапур му е прва победа оваа сезона. Со добра стратегија на влегување во пит и со многу среќа, бидејки двапати извегуваше безбедносното возило, Алонсо првата позиција ја освои стартувајки од 15-та позиција. Трката успешно ја заврши и второ пласираниот Нико Розберг кој стартуваше од 8-та позиција. Од водечката четворка во генералниот пласман, бодови успеа да земе само Луис Хамилтон кој се пласира на 3-та позиција. Филипе Маса заврши 13-ти, Роберт Кубица 11-ти, а Кими Раиконен 15-ти. Тимо Глок се пласира на 4-та позиција, а Себастијан Фетел трката ја заврши како 5-то пласиран. Бодови освоија и Ник Хајфелд, Дејвид Кулхард и Казуки Накаџима.

 

14.09.2008, Италија: Дождливо време и најмлад победник. Себастијан Фетел стана најмладиот победник на една трка, со победата на Италијанското гранд-при. Овој 21 годишен Германец стартуваше од пол позицијата и својата позиција ја чуваше во текот на целата трка. Својата позиција ја зачува и  возачот на Мерцедес, Хајки Ковалаинен кој заврши втор. Место на пиедесталот обезбеди и Полјакот Роберт Кубица, кој стартуваше од 11-та позиција. Како и минатата трка и оваа трка место од пиедесталот го делеше една позиција Фернандо Алонсо. Петото место му припадна на возачот на BMW Ник Хајфелд. Шести се пласираше Филипе Маса и сега во генералниот пласман има 77 бода. Со освоеното седмо место Хамилтон успеа да освои 2 бода и го задржа водечкото место во генералниот пласман со 78 бода. Трката може да се каже дека беше успешна за Хамилтон, бидејки тој стартуваше дури од 15-та позиција, а за момент беше и втор. Последниот бод го освои Марк Вебер.

 

08.09.2008, Белгија: Луис Хамилтон по пети пат сезонава беше најдобар. Но иако трката ја заврши прв, 10-те поени му припаднаа на Филипе Маса. Последната шикана Хамилтон не ја мина правилно и поради тоа беше казнет со додадени 25 секунди на неговото време. Со ова време Хамилтон се пласира на третото место. Втор заврши Ник Хајфелд со 9,3 секунди заостанување зад Маса. Екс шампионот Алонсо трката ја заврши на четвртата позиција, а возачот на STR Ferrari, Себастијан Фетел се пласира на петото место. Вторите возачи на BMW и STR Ferrari, Роберт Кубица и Себастијан Бурде се пласираа на шеста и седма позиција. Осми трката ја заврши Тимо Глок, но и тој беше казнет со 25 секунди, поради претекнување на жолто знаме. Така последниот бод го освои Марк Вебер.

 

24.08.2008, Европа: Филипе Маса е победникот на трката за големата награда на Европа која се возеше на патеката во Валенсија - Шпанија. Ова е четврта победа на Бразилецот сезонава. Со овие освоени 10-ет поени Маса го превзеде второто место во генералниот пласман од Раиконен. Маса сега има има 64 поени и само 6 поени го делат од првата позиција. На првата позиција во генералниот пласман сеуште е Луис Хамилтон кој трката ја заврши на втората позиција. По подолго време на пиедесталот се искачи и Роберт Кубица кој заврши трет. Полјакот стартуваше од третата позиција и со константно возење успеа да земе 6 бода. Победникот од минатата трка Хајки Ковалаинен освои 5 бода и доколку продолжи со ова темпо, веке на наредната трка можно е Мерцедес да се искачи на првата позиција во генералниот пласман на конструкторите. Бодови освоија и Италјанецот Јарно Трули,  Себастијан Фетел, Тимо Глок и возачот на Вилијамс - Тојота, Нико Розберг.

 

10.08.2008, Унгарија: Токму кога од Мекларен - Мерцедес размислуваа да го сменат Хајки Ковалаинен за друг возач во наредната сезона, тој се покажа во најдоброто светло. Ги освои своите први десет поени сезонава, а за малку ке ја освоеше и пол позицијата (беше втор). Сега плановите во Мекларен се изменија и би сакале и следната сезона Ковалаинен да вози за нив. Одличен пласман оствари возачот на Тојота Тимо Глок, завршувајки втор, а трет се пласира Кими Раиконен кој се искачи на втората позиција во генералниот пласман. Фернандо Алонсо како да почна да се буди од зимскиот сон и овој пат го освои четвртото место. Пол позицијата ја имаше Хамилтон но тој успеа да заврши само петти. Шестото место го освои возачот на Рено Нелсињо Пике, седмото Јарно Трули, а последен кој освои бодови беше Полјакот Роберт Кубица.

 

20.07.2008, Германија: Луис Хамилтон е победникот на Германското гранд при, кое се возеше на патеката во Хокенхајм. Ова е негова 4-та победа годинава и има една повеке од Филипе Маса. Втор на подиумот беше возачот на Рено Нелсон Пике, а трет заврши возачот на Ферари, Филипе Маса. Четврти беше возачот на БМВ Ник Хајфелд, а бодови освоија и Хајки Ковалаинен, Кими Раиконен, Роберт Кубица и како осми Себастијан Фетел. Во генералниот пласман Хамилтон сега има 58 бода, Маса има 54 бода, а Раиконен со 51 бод е трет. Кај конструкторите прв е Ферари со 105 бода. Второто место сеуште го држи БМВ со 89 бода, а Мекларен се доближи на 86 бода.

 

06.07.2008, Британија: Дефинитивно ова беше најинтересната трка сезонава. Можеби не беше многу возбудлива, без многу претекнувања, но беше интересна поради дождот и многубројните излетувања на болидите. Трката ја завршија 13ет болиди. Сите возачи освен Ник Хајфелт и Рубенс Баричело заостануваа по цел круг од водечкиот Луис Хамилтон. Луис Х. со овие 10ет бода се израмни на табелата со Филипе Маса и Кими Раиконен. Тројцата имаат по 48 бода.

Galerija      Video      Igri      Nastani

само по avtomoto.com.mk
по целиот MK web

aaaa     $$$$ ОВДЕ $$$$

aaaa

 

aaaa